Рекордот на сите времиња за јуни е соборен, што предизвикува загриженост за последиците врз глобалното време и морскиот свет. Според податоците од Европската служба за климатски промени „Коперник“, која комбинира мерења од сателити, бродови и пловки, просечната глобална температура на површината на морето достигна 20,86 степени Целзиусови на 21 јуни, а 20,89 степени на 28 јуни, надминувајќи го рекордот од 2024 година, пишува CNN.
Невообичаената топлина беше поттикната од почетокот на Ел Нињо, природен климатски феномен обележан со невообичаено топли води долж екваторијалниот тропски Пацифик. Иако Ел Нињо штотуку започна, тој би можел да се интензивира и да стане еден од најсилните во последните децении.
Во позадина на сè, велат научниците, е климатската криза предизвикана од човековата активност, која исто така ги зголемува температурите. Со децении, океаните дејствуваа како главен резервоар на топлина на планетата, апсорбирајќи 90 проценти од вишокот топлина генерирана од човековото согорување на фосилни горива.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата