logo
logo
logo

Апокалиптични сцени од Кина: Силно торнадо носеше сè пред себе, најмалку 11 загинати

Vecer | 07.07.2026

Апокалиптични сцени од Кина: Силно торнадо носеше сè пред себе, најмалку 11 загинати

Најмалку 11 лица загинаа, а 331 се повредени во силна грмотевици што ја погоди кинеската покраина Хубеи. Пет лица ги загубија животите само во градот Еџо, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен.

Од понеделник до вторник, силни ветрови придружени со грмотевици ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг. Според Синхуа, налети на ветер од осум до 13 степени по Бофортовата скала се регистрирани во 53 општини, што погоди околу 14.600 жители.

Ветрови од 13 степени беа измерени во две општини, додека торнада беа регистрирани во некои области. Властите објавија дека обемот на материјалната штета сè уште се проценува, а досега се евакуирани 246 лица. Метеоролошката служба на Хубеи објави дека до 11 часот наутро во вторник, издала голем број предупредувања за лоши временски услови во текот на претходните 18 часа. Иако некои претходни предупредувања истекоа, 86 остануваат на сила, главно поради обилни врнежи од дожд, силни грмотевици и силни ветрови.

На граѓаните им беше препорачано да ги следат предупредувањата и состојбата на водотеците, како и да преземат заштитни мерки. Откако помина бурата, речиси 3.000 лица од различни служби беа распоредени во Хуангганг за да учествуваат во операциите за спасување и помош.

Во округот Хуангџоу, 103 жители од 81 домаќинство кои живееја во дотраени или високоризични згради беа евакуирани и безбедно згрижени, објавува CCTV News.

Според истиот извор, бурните ветрови во округот Хуангџоу собориле голем број дрвја, предизвикале човечки жртви во станбените области и оштетиле возила и деловни објекти. Градот Еџоу активирал црвено предупредување за опасно конвективно време во понеделник во 19:00 часот.

Прелиминарните податоци до 5:10 часот наутро во вторник покажуваат дека 428 лица биле погодени, пет лица загинале, а 178 биле евакуирани на безбедни локации. 155 домаќинства, или 378 станбени единици, биле оштетени, објави CCTV News, повикувајќи се на Бирото за управување со вонредни состојби во Еџоу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk