logo
logo
logo

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Vecer | 02.10.2023

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Претпријатијата повеќе не можат да продаваат пластичен прибор за јадење, чинии и полистиренски садови за еднократна употреба.

Сепак, забраната не вклучува пластични садови и послужавници кои се користат за носење или претходно спакувана храна во продавниците.

Владата во мај објави дека продавачите кои продолжуваат да ја продаваат забранетата пластика за еднократна употреба по стапувањето на сила на одлуката, може да бидат казнети.

Минатата година слична забрана беше воведена во Шкотска, која стана прва во Велика Британија што го стори тоа.

Пластичните чинии за еднократна употреба, приборот за јадење, сламките, стапчињата за балони и памучните стапчиња се исто така забранети во Европската унија во 2021 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk