logo
logo
logo

Американка го тужи Мекдоналдс, зашто се изгорела од нивното кафе

Vecer | 21.09.2023

Американка го тужи Мекдоналдс, зашто се изгорела од нивното кафе

Мејбл Чајлдрес, која има 80-тина години, вели дека нарачала кафе во Мекдоналдс на улицата Филмор во Сан Франциско, но вработените во драјв ин не ја затвориле шолјата правилно.

Во тужбата, која била поднесена минатиот четврток, Чајлдрес наведува дека поради невниманието на работничката било истурено кафе врз неа, предизвикувајќи тешки изгореници и душевна болка. Од тој инцидент во јуни, таа продолжува да чувствува болка и има видливи лузни во пределот на препоните, пишува The San Francisco Standard.

„Госпоѓа Чајлдрес беше тешко повредена поради невнимание на Мекдоналдс. Тие не го ставија правилно капакот на шолјата за кафе и самото кафе беше премногу топло“, рече нејзиниот адвокат. Дополнително, во тужбата се наведува дека вработените ги игнорирале нејзините повици за помош.

Но, сопственикот на таа франшиза, Питер Оу, тврди дека Чајлдрес го пријавила инцидентот истиот ден и дека вработените веднаш комуницирале со неа и ѝ понудиле помош. Тој рече: „Имаме строги протоколи за безбедност на храната во моите ресторани, вклучително и обука на персоналот за да се осигури дека капаците на топлите пијалоци се цврсто затворени. Ги сфаќаме сите поплаки од клиентите многу сериозно“.

Ова не е прв пат Мекдоналдс да се соочи со ваква тужба. Сличен случај се случи во 1992 година кога Стела Либек го тужеше Мекдоналдс откако одбиле да и ги покријат медицинските трошоци за изгореници од топло кафе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk