logo
logo
logo

ВИДЕО

АХ, ДА МИ БЕШЕ ОВАА ПАМЕТ! Запреле баба (74) на улица и ја прашале што би направила повторно да се роди: ОДГОВОРОТ Е ВРВ!

Vecer | 19.09.2023

АХ, ДА МИ БЕШЕ ОВАА ПАМЕТ! Запреле баба (74) на улица и ја прашале што би направила повторно да се роди: ОДГОВОРОТ Е ВРВ!

Што би направиле кога би можеле да го вратите времето? Дали би промениле нешто или воопшто не би промениле ништо? Прашањата вредат злато, исто како и одговорите. А следува токму еден таков одговор.

Седумдесет и четиригодишна жена била запрена на улица и ја прашале што би променила ако повторно се роди. Нејзиниот одговор е важен со оглед на тоа што има децениско животно искуство. Така дојдовме до темата за ретроспектива, која многумина погрешно ја толкуваат, па кога размислуваат за минатото, најмногу се обвинуваат себеси за тоа што можеле да го направат, но не го сториле, можеле да кажат, но премолчиле.

@yair_brachiyahu 74 Year Olds Advice To Younger Self #lifelessons #lifeadvice #interview ♬ original sound - Yair

Размислувањата од овој вид треба да се користат за учење, за подобро согледување на работите и секако, тоа треба да се искористи за следните чекори во животот.

„Никогаш немој да мислиш дека утре ќе биде добро време. Уживај во животот секој ден. Тоа е затоа што отсекогаш мислев дека ќе бидам посреќна во иднина, утре. А потоа само работа, работа, работа. Премногу работа. Тоа не е добро. Луѓе, треба да уживате во животот“, рекла оваа жена која учествувала во анкета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk