logo
logo
logo

Имате мерак на електрична кола, ПРОЧИТАЈТЕ ПА РАЗМИСЛЕТЕ УШТЕ ЕДНАШ ПРЕД ДА КУПИТЕ

Vecer | 22.02.2026

Имате мерак на електрична кола, ПРОЧИТАЈТЕ ПА РАЗМИСЛЕТЕ УШТЕ ЕДНАШ ПРЕД ДА КУПИТЕ

Постојано сме под удар на маркетинг еуфории кои создават или страв (најчесто) или лажна наадеж дека ако купуме што ни се наметнува или се однесуваме како што на глобалните компании им е потребно - ќе биде се во ред со нас, ако не...

Дали се работи за лажното глобално затоплување па мора да се купуваат и градат соларни, воздушни и какви не системи кои на крај не го даваат ветеното, или се работи за еколошка храна која е двојно поскапа од “обичната“ а и таа е обична но со екстра цена, или пак дека мора да се пијат суплементи, витамини, минерали од нивните фабрики затоа што порталите и социјланите мрежи се преполни од “укажувања“ дека имате услови за фатални болети без суплементите, или - како во случајов, дека електричните автомобили се сигурна иднина, ќе се исчисти атмосферата од нив иако производството на батерии и нивните отпади содаваат повеќе загадување од стандардните автомобили.

Вистина е дека електричните автомобили користат повеќе штетни суровини за време на производството отколку возилата со мотори со внатрешно согорување. Околу половина од вкупната потрошувачка на ресурси отпаѓа на батериите. Тие сè уште се во голема мера зависни од некои критични суровини како што се литиум, кобалт, никел и графит а нивниот опад спаѓа во групата високо ризичен за екологијата и здравјето.

Е па, елкектричните автомобили не успејаа да се наметнат, иако се потрошени милијарди за нивна маркетинг пропаганда. Ако е зима, студено, батеријата губи барем 30% од силата. Нема логистика за полнење батерија на патиштата кога на вас ви треба, а типот на батерии се менува на секои три-четири години па нема никаква сигурност дека за седум-осум години типот на батеријата од вашиот електричен автомобил воопшто ќе ја има на пазарот. Практично, купувате приказна за автомобил, а не автомобил каков што ви треба. 

Накусо, ако сакате да купите електричен автомобил добро размислете и читајте по специјализираните сајтови кои проблеми ве чекаат. Зборот е за автомобили кои се движат само на струја, хибридните и плагин хибридните се нешто друго, тоа е комбинација помеѓу моторот на бензин и струјата што ви дава сигурност од стандардниот мотор.

Лошата иднина за електричните автомобили вклучува застој во усвојувањето поради високите трошоци за купување, несоодветната инфраструктура за полнење и сериозното влошување на батериите, претворајќи ги користените електрични возила во нисковредни и високоодржливи обврски.

Рапиден пад на дометот и силата за досегот во ладно време, бавните брзини на полнење и слабата електрична мрежа неспособна да се справи со зголемената побарувачка создаваат „совршена бура“ за отфрлање од страна на потрошувачите.

Клучни компоненти на негативната иднина на електричните возила:

Брза амортизација и ниска вредност за препродажба: Користените електрични возила стануваат лоши инвестиции, при што брзата деградација на батериите и застарената технологија ја намалуваат нивната вредност.

Неуспех во инфраструктурата: Јавната мрежа за полнење е несигурна (честопати и откажуваат) и недоволна за патувања на долги релации, што ја влошува должината за досегот во поминати километри со полна батерија, а останувате заглавени во автомобил само за градско возење и покуси релации до 100-200 километри и назад.

Економски и корисни фактори: Високите почетни цени за купување, во комбинација со намалените владини даночни кредити, ја забавуваат продажбата. А, да се потстетиме, електричен автомобил во споредба со истиот кој се движи на бензин, е 10-20% поскап уште кога го купувате.

Загриженост за животната средина и производството: Еколошкото влијание на производството на батерии, зависноста од ретки минерали и тешкотијата за рециклирање или поправка на оштетените батерии претставуваат долгорочни еколошки ризици.

Нестабилност на мрежата: Електричната мрежа во моментов е лошо опремена за да се справи со огромното зголемување на побарувачката на енергија потребна за целосна електрификација, накусо нема доволно струја на пазарот за, хипотетички, сите да преминеме на електрични возила.

Ограничувања на перформансите: Реалниот опсег на возење честопати не ги исполнува очекувањата, особено во ладни времиња, а батериите може да се деградираат за приближно 2,5% годишно.

Трошоците за замена на батеријата на електричен автомобил што треба да ги платите од џеб значително варираат во зависност од различни фактори, како што се марката и моделот на вашето возило и дали батеријата на електричното возило е сè уште под гаранција. Генерално, цената за замена на батерија на електрично возило што повеќе не е под гаранција може да се движи од 5.000 до околу 20.000 долари.

Пресврт и пораз на амбициите на глобалниот проект за електрификација на возила резултираше со удар од најмалку 65 милијарди долари за светската автомобилска индустрија, само во последната година!

Дека целата работа е уште полоша, предупредуваат менаџерите, кои предвидуваат нови проблеми во ресетирањето на стратегиите, објавува „Фајненшл тајмс“.

Производителите на автомобили беа принудени да ги преиспитаат своите планови за развој и инвестиции на електрични возила по радикалниот пресврт во политиката за климата во Соединетите Американски Држави. Најтешко погодени се компаниите што постигнаа најголем напредок во префрлањето од бензински мотори, се додава во анализата.

Овој месец „Стелантис“ регистрираше надомест од 26 милијарди долари за отпишување на некои целосно електрични модели и рестартирање на популарниот 5,7-литарски V8 мотор „Хеми“ во САД. Компанијата неодамна одлучи и повторно да воведе дизел мотори во неколку европски модели. Овој отпис предизвика пад на цената на акциите, намалувајќи ја пазарната вредност на компанијата за околу шест милијарди долари.

Стелантис( Alfa Romeo, Chrysler, Citroën, Fiat, Jeep, Lancia, Maserati, Opel, Peugeot...) претходно планираше електричните возила да учествуваат во целата продажба на патнички возила во Европа и половина од вкупната продажба во САД до 2030 година. Ништо нема да произлезе од тоа...

Крајот на даночните олеснувања за електричните возила во САД и решеноста на претседателот Трамп дополнително да ги олабави регулативите за намалување на емисиите значат дека раководителите на индустријата сега очекуваат електричните возила да сочинуваат само околу пет проценти од пазарот на нови возила во САД во наредните години, приближно половина од сегашните нивоа.

Конкурентската компанија „Форд мотор“ неодамна објави отпис (загуба) од 19,5 милијарди долари по откажувањето на електричната верзија на пикапот „Ф-150“, додека „Фолксваген“, „Волво карс“ и „Полстар“ исто така претрпеа загуби во своите програми за електрични возила во текот на изминатата година.

Покрај големите регулаторни промени во САД, аналитичарот на „Бернштајн“, Стивен Рајтман, верува дека „Стелантис“ и другите производители го изгубиле контактот со потрошувачите додека се обидуваат да го повторат раниот успех на „Тесла“, кој го револуционизираше американскиот пазар на електрични возила.

Нивниот проблем беше што не нудеа возила што ги исполнуваа очекувањата на клиентите во однос на цената и дометот, додека инфраструктурата за полнење беше недоволно развиена.

Во меѓувреме, Тесла, исто така, забележа значителен пад на продажбата на електрични возила поради конкуренцијата од кинеските производители и реакциите на политичката вмешаност на Елон Маск, и го прекина производството на своите најскапи модели S и X.

Аналитичарите предупредуваат дека би можеле да следат дополнителни отписи за Стелантис, бидејќи компанијата се обидува да го зголеми пазарниот удел во САД со префокусирање на хибридни и бензински модели.

Прозиводителите на електрични автомобили се богати, моќни и влијателни со својот маркетинг и ја убедуваат јавноста дека новите батерии само што ен дошле на пазарот, ќе се смени се со нив, дека сегашните батерии ќе можете да ги употребувате десет години, дека за некој година ќе има полначи на елктроавтомобили колку што сега има бензински пумпи...

Но, тао е само дел од приказната. Никој од нив не зборува што е и што ќе биде со електро автомобилите кои веќе се профдадени или сега се продаваат, туку пропагираат светла иднина, еден убав ден. А дотогаш, препорачливо е да се почека таа “светла иднина“ па тогаш да се размисли да се купи електричен автомобил - или не.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk