logo
logo
logo

Делфина, малото гибонче што доби втора шанса за живот доби подарок

Vecer | 22.02.2026

Делфина, малото гибонче што доби втора шанса за живот доби подарок

Малата Делфина беше спасена од негувателката Зера, откако мајка ѝ ја фрлила во езеро. Денес малото гибонче веќе се учи на самостоен живот, но си доби кадифена играчка, слично како на фотките што деновиве ги гледавме од Јапонија.

Додека во изминатите денови на социјалните мрежи масовно се споделуваше приказната за малото мајмунче од Јапонија кое било отфрлено од мајката и се приврзало за плишана играчка орангутан, од Скопската зоолошка градина нè потсетуваат дека и кај нас имавме слична приказна пред 4 години.

Приказната за малото мајмунче гибонче Делфина, пред 4 години го обиколи светот, откако Bored Panda ја објави приказната за него.

Имено, Делфина беше отфрлена од мајката и фрлена во езеро, но благодарение на негувателката Зера Бекировска, која скокнала во водата за да го спаси, иако не знаела да плива, Делфина и денес живее во Зоолошката градина во Скопје.

Во овие 4 години, мајмунчето Делфина расте и се развива заради грижата на Зера, која ја прифатило како сопствена мајка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk