logo
logo
logo

ОВА НЕ СЕ ГЛЕДА СЕКОЈ ДЕН Шест егзотични и отровни жаби напуштени на аеродромот во Амстердам

Vecer | 07.05.2026

ОВА НЕ СЕ ГЛЕДА СЕКОЈ ДЕН Шест егзотични и отровни жаби напуштени на аеродромот во Амстердам

Шест отровни жаби биле пронајдени минатата недела во еден тоалет на амстердамскиот аеродром Схипхол. Ги забележал патник кој веднаш ги повикал работниците од царинската контрола.

Жабите биле откриени во пластична кутија фрлена во канта за отпадоци, заедно со садови со мов кои биле користени за да се одржат во живот, пренесува „NL Times“.

„Сум видел чудни нешта и претходно“

Царината ги опиша жабите како „сини, црни и жолти“, при што една била забележана како се движи во близина на тоалетот, додека преостанатите пет сè уште биле во кантата.

Се верува дека биле купени во Холандија и наменети за илегален транспорт во странство, но биле напуштени непосредно пред безбедносната проверка. Холандските власти сè уште истражуваат од каде потекнуваат и каде требало да завршат.

„Сум гледал чудни работи и претходно, но за 18 години работа, ова е првпат да се сретнам со нешто слично“, изјавил цариникот за локалните медиуми.

Заштитени и отровни видови

Царината напомена дека инспекциите на аеродромите рутински се фокусираат на спречување на трговијата со животни и други форми на илегална трговија.

Покрај жабите, царината соопшти дека истиот ден конфискувала и други илегални предмети, како што се украси за глава од пердуви на егзотични птици, кои потпаѓаат под строгите правила на CITES.

Видот жаби наречен „отровна стрела“ се смета за заштитен и отровен вид кој потекнува од тропските дождовни шуми, а нивната трговија и транспорт се строго регулирани со меѓународните правила на CITES.

Царината ги префрлила жабите во Холандската агенција за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка, а подоцна ќе бидат преместени во специјализирана установа за нега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk