По несреќа со мотор почина Душко Чифлиганец, заменик претседател на „Адора бизнис групација“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец.
Несреќата се случила вчера попладне на мото трка во Брно, Чешка.
Тој паднал од мотор во Чешка, од што се здобил со сериозни оштетувања на главата.
Несреќата се случила вчера попладне, и неофицијално, повеќе од 24 часа се борел за живот во болница во Чешка.
По падот од моторот, 32-годишниот бизнисмен бил во кома поради сериозни повреди на главата, по што вечерва им подлегнал на повредите, јавуваат повеќе медиуми.
Младиот Чифлиганец освојуваше престижни награди за спортски моторциклизам, што му беше пасија.
Душко Чифлиганец живееше во Дубаи и беше познат како љубител на мотоспортови.
Семејството Чифлиганец се во Чешка и веројатно ќе се огласат во текот на утрешниот ден.
Душко Чифлиганец беше заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“ и директор на Adora Living Solutions.
Тој е син на познатиот македонски стопанственик и универзитетски професор, Ванчо Чифлиганец, кој е основач на градежната компанија „Адора Инженеринг“. Семејниот бизнис, започнат во 1992 година, прерасна во групација со дејности во градежништвото, банкарството и енергетиката во Македонија, Србија и Грција.
Од оваа година беше ко-основач на Adora Prime Capital. Prime Capital powered by Adora“ на Волстрит во Њујорк, македонскиот бизнис доби своја прва институција во самото срце на светските финансии.
Ова е првата инвестициска консултантска компанија со македонско потекло и капитал што ја има стекнато престижната акредитација од U.S. Securities and Exchange Commission (SEC) — водечкото регулаторно тело за хартии од вредност во САД.
Со тоа, Prime Capital се приклучува кон врвот на глобалните финансиски играчи.
Чифлиганец е познат како долгогодишен ентузијаст и љубител на мотоцикли и автомобили. Во последните две години, тој активно учествувал на меѓународни натпревари во брзински мотоциклизам, за што има добиено и престижни признанија.
Покрај неговите деловни и спортски активности, Душко Чифлиганец е познат и по својата хуманитарна работа.
Групацијата „Адора“ има поддржано бројни хуманитарни мисии, вклучително и соработка со Фондацијата на Новак Ѓоковиќ во Србија. На минатогодишната конференција „The Economist MeetUp“ во Скопје, тој ги повика младите претприемачи на морално и етичко работење
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата