logo
logo
logo

Таа барала спонзор, а тој флерт: Знам дека е постар од мене 57 години, но јас сум заљубена! (ФОТО)

Vecer | 08.12.2021

Таа барала спонзор, а тој флерт: Знам дека е постар од мене 57 години, но јас сум заљубена! (ФОТО)

Младата Џо барала спонзор и некој да и помогне финансиски, додека пак Дејвид (77) барал малку флерт на интернет. Колку и да не звучи ова романтично, сепак Џо и Дејвид велат дека тоа бил само нивниот почеток. Се понатаму е љубов и почитување.

Па така денес, 18 месеци потоа, 20 годишната Џо и 77 годишниот Дејвид не се само љубовници, туку и најдобри пријатели и сродни души.

Имено, тие се уште не успеале да се сретнат лично, бидејќи Дејвид е во Бату, Велика Британија, а Џо е оддалечена 8000 километри, во Мјанмар, воена зона каде патувањето е многу ограничено. Но и покрај фактот дека не се познаваат лично, двојката се надева дека наскоро ќе можат да се сретнат и да се венчаат кога Џо ќе успее да добие виза и пасош.

„Јас не сум конвенционален тип и секогаш го следев моето срце“, рече Дејвид и додаде: „Кога има силна љубов и наклонетост меѓу двајца луѓе, зошто да се анализира?

Имено, Дејвид барал профили на интернет на помладите девојки во Велика Британија.

„На такви страници, имаш многу среќа ако воопшто добиеш одговор на моја возраст. Отсекогаш сум се чувствувал млад и секогаш сум имал помлади партнерки. Не можам да замислам да бидам со некој на моја возраст, дури ни во моите 50-ти“.

Иако всушност живеела во Мјанмар, Џо ја навела Велика Британија како нејзина локација. Сакала да им се допадне на мажите од Велика Британија за да можат потоа да и ги финансираат студиите, како што и самата признава.

„Разговаравме со часови и се заљубив во него бидејќи ми беше голема емоционална поддршка. Ме насмеа и често разговаравме на телефон и покрај временската разлика од шест и пол часа”, признала Џо.

По неколкумесечна преписка, Дејвид открил дека избраничката на неговото срце всушност била во Мјанмар, но тоа не му пречело премногу.

„Таа ја пополнува мојата празнина, но свесен сум дека јас сум само нејзина излезна карта од Мјанмар“, признала пензионерот.

Тој е во ред со тоа што Џо бара сексуални партнери на негова возраст, сè додека и нему му пружа задоволство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk