Урнебесната приказна за Флоренс Фостер Џенкис е инспирација на многу писатели и режисери на филмови и престави.
Имено, станува збор за оперска пејачка која не знаела да пее. Но и покрај овој клучен факт, таа оддржувала домашни концерти и имала огромна база на обожаватели.
Имено, Флоренс е родена во 1868 година во Пенсилванија и потекнувала од богато семејство. Уште од мала била талентирана пијанистка и сакала да рецитира. Во една прилика, таа настапувала и во Белата Куќа на покана на претседателот на САД, Хејс. Нејзините родители не и дозволиле да замине во странство се со цел да заврши музичко образование па таа решила да се омажи за нејзиниот 16 годишен постар партнер.
Но, набрзо по венчавката на Флоренс и бил дијагностициран сифилис – болест која таа ја добила од својот сопруг. По нејзината дијагноза тие се развеле. Во тоа време, лекувањето од сифилис се базирало на консумирање токсични течности и арсен.

Токму овие лекови биле причина за Флоренс да ја изгуби својата коса но и својот глас. Во тое време таа заработувала како учителка по клавир. Но по смртта на нејзиниот татко оваа надежна пејачка наследила големо богатство кое и помогнало да ја лансира својата музичка кариера.
Се преселила на Менхетен каде почнала да зема часови по пеење. Во 1909 година го запознала актерот Бејфилд кој подоцна и станал партнер и менаџер. Флоренс по преселбата се зачленила и во бројни културни друштва и набрзо потоа станала и позната во елитните кругови. Во 1912 година таа почнала да пее по клубови, а еднаш годишно имала концерт и во Карлтон хотелот. Токму на овој концерт, забранет бил влезот на новинарите, а речиси било и невозможно да се купи карта.
Во 1917 година, Флоренс основала свој клуб – Верди Клубот кој броел повеќе од 400 луѓе. Почесен член на овој клуб бил и легендарниот оперски пејач Енрико Карусо.
Но и покрај нејзиниот труд и желба, Флоренс никако не успеала да напредува кога станувало збор за нејзиниот глас.

Таа често се откажувала од оригиналната музика и експериментирала со својот глас, но и тоа било залудно. И покрај нејзиниот труд, Флоренс ужасно фалширала. На своите настапи носела дречави костуми кои сама ги изработувала. Не се знаело дали таа била свесна дека пее лошо, но она кое се знаело е дека таа била полна со самодоверба.
Во 1941 година таа решила да сними плоча. Без никакви подготвки ги отпеала најголемите дела на Моцарт и Штраус, а многумина ја критикувале дека таа се осудила да ги пее нивните дела. Но плочите биле вистински хит. Па така, испирирана од својот успех, во 1944 година решила да оддржи концерт во позната сала Карнеги Хол. Картите биле распродадени уште првиот ден, а салата била преполна со познати личности, но и новинари. Па така, на 25ти октомври 1944 година Флоренс го оддржала својот прв и последен концерт.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=HszfdNS0JSc[/embed]
Иако публиката била воодушевена од нејзиниот настап и ја повикале неколку пати на бис сепак критиките биле очајни.
-Лејди Флоренс – учествуваше во една од најлудите масовни шали. Вакво нешто Њујорк досега нема видено, а ни чуено, пишувале новинарите.
Флоренс била скршена откако ги прочитала критиките. А само 5 дена по новинарските текстови таа доживеала срцев удар. Починала на 26ти ноември 1944 година.
-Некои ќе речат дека не знам да пеам, но никој нема да каже дека не сум пеела, изјавила Флоренс пред нејзиниот концерт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата