Што ако батеријата во паметниот, далечински клуч од автомобилотилот, се испразни, па повеќе не можете да го отклучите автомобилот со притискање на копче? Нема причина за паника - решението е во самиот клуч.
Повеќето модерни далечински управувачи кријат класичен, метален клуч кој може да се извлече со притискање на специјално копче или со поместување на осигурувач. Се користи за отклучување на автомобилот кога батеријата во далечинскиот управувач ќе снема енергија.
Сепак, кај поновите автомобили честопати не е веднаш јасно каде се наоѓа бравата. Производителите обично ја кријат под пластичниот капак на рачката на вратата од возачот за да го зачуваат чистиот дизајн на возилото.
Затоа е добро однапред да се запознаете со оваа постапка, односно да го погледнете упатството за вашиот автомобил пред да се најдете во таква ситуација.
Кога го користите металниот клуч за да ја отклучите вратата, постои голема веројатност дека ќе се активира фабричкиот аларм, ако автомобилот има таков. Ова е нормална реакција на системот и не значи дека нешто не е во ред. Во повеќето случаи, алармот ќе се вклучи веднаш штом ќе го вклучите палењето или ќе го запалите моторот.
Што ако батеријата е празна?

Иако батеријата е празна, тоа не значи дека клучот повеќе не може да го запали автомобилот. Тој содржи транспондер кој не користи батерија за комуникација со возилото, туку работи со помош на електромагнетен сигнал што го емитува самиот автомобил.
Постапката варира од модел до модел. Кај некои автомобили, треба да го поставите далечинскиот управувач на местото каде што порано бил прекинувачот за палење, а потоа да го притиснете копчето за стартување на моторот. Кај други, доволно е да го држите клучот директно до копчето „Старт/Стоп“ додека го стартувате возилото.
Точната постапка зависи од марката и моделот, па затоа е најдобро однапред да го прочитате упатството за сопственикот на вашиот автомобил.
Добрата вест е дека повеќето модерни автомобили прикажуваат навремено предупредување на контролната табла или на мултимедијалниот екран дека батеријата во клучот е празна. Сепак, не е лоша идеја секогаш да имате резервна батерија од соодветен тип во вашиот автомобил, бидејќи нејзината замена трае само неколку минути и може да ви заштеди некои непријатности кога најмногу ви е потребно вашето возило.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата