logo
logo
logo

Ужасна исповед на татко: Мајката бара синот да биде кастриран и претворен во девојче

Vecer | 26.08.2025

Ужасна исповед на татко: Мајката бара синот да биде кастриран и претворен во девојче

Американецот Џеф Јангер зборува за своето искуство борејќи се во судовите во Калифорнија за да го спаси животот на својот син Џејмс од неговата поранешна сопруга, Ан Георгулас, која барала тој да биде хемиски кастриран и претворен во девојче – дури и против желбите на момчето!

Момчето никогаш не се идентификувало како девојче и никогаш не сакало да биде девојче. Сето тоа била идеја на неговата мајка.

Тексашки судија пресуди дека таткото има право да го спречи својот трансроден седумгодишен син да стане девојче откако тој тврдел дека неговата мајка го облекувала момчето во фустани и му рекла дека „чудовиштата јадат мали момчиња“.

Џеф го доби случајот во Тексас (и ѝ помогна на државата да ја блокира оваа злоупотреба), па мајката избегала во Калифорнија, држава која дозволува кастрација на деца.

Момчето дури и изјавило на суд дека не сака да носи фустани и не се идентификува како девојче. Сепак, судовите отишле против таткото, велејќи дека тој „го принудува да биде момче“.

На крајот, калифорнискиот судија Јухас му ги одзеде сите родителски права на Џеф и ѝ даде на неговата поранешна сопруга целосно овластување да го кастрира неговиот син.

На Џеф не му е дозволен никаков контакт со својот син без судски надзор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk