logo
logo
logo

УЖАС во Мостар - БРИТАНКА СТОПИРАЛА, ЈА КАЧИЛ ПЕРВЕРЗЕН СТАРЕЦ...

Vecer | 09.07.2026

УЖАС во Мостар - БРИТАНКА СТОПИРАЛА, ЈА КАЧИЛ ПЕРВЕРЗЕН СТАРЕЦ...

Британската туристка и активистка Алис Чепмен, позната во јавноста по нејзиното учество во флотилата за Газа, доживеала сексуално вознемирување за време на нејзината посета на Босна и Херцеговина, јавува порталот „Црна хроника“.

Како што може да се види на нејзиниот инстаграм-профил, Чепмен патувала со автостоп во близина на Мостар кога била нападната од постар маж. Видеото од инцидентот, до кое пристапи веб-страницата „Црна хроника“, го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе за само три часа. Откако платформата брзо го отстранила видеото, Чепмен објавила фотографии и детално го опишала целиот инцидент. На видеото се гледа како непознат локален маж ја прима во својот автомобил, а набрзо потоа почнува несоодветно да ја допира по градите.

Чепмен успеала да се одбрани и да излезе од возилото, јасно кажувајќи му дека не треба да го прави тоа. Напаѓачот потоа ѝ рекол дека самиот факт што ја превезува во автомобилот е изговор за неговото однесување.

Чепмен признала дека ѝ било исклучително тешко да го сподели видеото на кое се наоѓа во толку ранлива позиција. Како што вели, потешко ѝ било да го објави отколку да го доживее самиот напад.

„Искрено, повеќе се плашев од објавувањето на видеото на мрежите отколку од самиот напад. Кога видеото беше избришано толку брзо, се чувствував како да ми е одземен дел од достоинството. Ми требаше многу храброст да го објавам, а потоа едноставно исчезна“, изјавила Чепмен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk