Во општеството се уште постојат стереотипи за жените, особено за убавите дека не можат да вршат некои работи или па дека штом се убави тие мора да се модели и ништо друго. Пример некои сметаат дека жена не смее да вози автобус.
Џоди Ли Фокс (24) од Велика Британија работела како негувателка до својот 21-ви роденден, кога решила да ја смени кариерата и да стане возач на автобус.
Но, нејзината желба многумина не е ја одобруваат и кажуваат дека е преубава за да ја работи таа работа.
„Ја напуштив работата како медицинска сестра, бидејќи сфатив дека мојата страст оди кон друг пат“, вели Џоди.
- Автобусите ме привлекуваа уште од мала. Секогаш седев напред во близина на возачот и следев што прави. Сега го реализирав својот сон, но секој ден доживувам нова реакција од патниците, најчесто од мажите. Тие ми велат дека никогаш не виделе толку убава жена да вози автобус“ вели таа.
Но такви коментари добива и од пријатели, роднини и соседи:
„Ми велат дека сум убава да ја работам оваа работа, но тоа не ме интересира. Поминав низ многу тестови и обуки за да ја стигнам дотука. Возењето автобус не е лесно како што мислат луѓето.“
Таа вели дека е тешко да се дружи со колегите на работа, бидејќи сите се многу постари од неа и убедени дека професијата што ја избрала е „само за мажи“.
Поради својот изглед и занимање, таа стана популарна на социјалните мрежи, со што ги разбива предрасудите за поделба на занимањата на машки и женски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата