logo
logo
logo

Кејт Мидлтон прв пат јавно проговори за борбата со ракот

Vecer | 28.12.2024

Кејт Мидлтон прв пат јавно проговори за борбата со ракот

Еден таков момент е забележан оваа година, кога принцезата од Велс, Кејт Мидлтон за прв пат јавно проговори за нејзината лична битка со ракот. Во моментот кога храбро се соочи со животниот предизвик, Кејт не само што покажа сила, туку и способност да биде инспирација и поттик за сите оние кои се борат со слични тешкотии.

Нејзиното појавување на Божиќ, за време на прошетката до црквата, беше повеќе од само кралски настан. Насобраните верници за кои Кејт беше симбол на надежта не ги криеја емоциите. Додека чекаа прилика да ја поздрават, неколку од нив го искористија моментот за да ѝ покажат поддршка. Една жена дури и пријде и со длабока почит рече:

„Вие сте инспирација за сите пациенти кои се борат со ракот.“

На овие зборови Кејт не остана рамнодушна. Нејзините очи светнаа, а нејзиниот одговор беше полн со емоции и благодарност:

„Бројот на луѓе кои ми пишуваа оваа година е извонреден. Мислам дека ракот е болест која погодува многу семејства“, рече принцезата, зборувајќи за тоа колку била трогната од поддршката што ја добила. Таа, исто така, застана за да им се заблагодари на здравствените работници, особено на присутните, додавајќи: „Луѓето како вас вршат неверојатно тешка работа. Многу сум ви благодарен за тоа“.

И додека верниците срдечно ја поздравуваа, некои од нив не можеа да ги сокријат солзите поради нејзината храброст. Во емотивен момент, Кејт ја прегрна 73-годишната Карен Меклин од Северен Линколншир, која како неа долги години се бори со ракот. Карен ја сподели својата приказна и призна како болеста станала дел од нејзиниот живот повеќе од 20 години. Тој момент, во кој се здружија двете жени кои поминале низ толку многу, беше силен потсетник за важноста на заедништвото и поддршката во најтешките моменти.

Оваа година беше исклучително тешка за кралското семејство, бидејќи Кејт и нејзиниот свекор, кралот Чарлс, се соочија со слични дијагнози со разлика од само неколку недели. И додека кралот Чарлс Трети, кој има 76 години, продолжи со лекувањето кое ќе трае до 2025 година, Кејт заврши со хемотерапија во септември. Таа полека се враќа на јавните обврски, а секој чекор што го прави е потсетник на силата што ја покажува наспроти личните предизвици.

Таа неодамна присуствуваше на четвртата божиќна богослужба во Вестминстерската опатија со своето семејство, уште еден момент кога нејзиното присуство беше симбол на надеж, верба и единство во тешки времиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk