Многумина веруваат дека токму ѕвездите одредуваат кој со кого има најсилна хемија, впрочем тоа го велат и астролозите, според кои, одредени комбинации меѓу знаците создаваат поголема страст, разбирање и привлечност.
Овенот најдобро се сложува со лавот и стрелецот, бидејќи со нив ја дели енергијата и авантуристичкиот дух. Овие врски се полни со страст и динамика, каде ретко има досада и постојано се одржува силна привлечност.
Бикот има најсилна хемија со рак и јарец, бидејќи бара стабилност и длабока емоционална поврзаност. Овие комбинации често се претвораат во долги и стабилни врски со силна интимна блискост и доверба.
Близнаците најмногу се привлекуваат со вага и водолија, каде комуникацијата и менталната поврзаност играат клучна улога. Кај нив привлечноста започнува од разговор и забава, а потоа прераснува во силна емотивна и физичка хемија.
Ракот и скорпијата се сметаат за една од најинтензивните комбинации, додека лавот најдобро се вклопува со стрелец и овен поради силната страст и взаемна енергија. Девицата најчесто наоѓа баланс со бик и јарец, додека вагата со близнаци и лав.
Скорпијата се поврзува најдлабоко со риби и рак, каде емоциите и привлечноста се многу силни и интензивни.
Стрелецот најмногу ужива со овен и лав, а јарецот со бик и девица поради стабилноста. Водолијата најдобро се сложува со близнаци и вага, додека рибите со скорпија и рак.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата