logo
logo
logo

Во Македонија НЕМА НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА за бебиња, велат од АХВ

Vecer | 22.04.2026

Во Македонија НЕМА НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА за бебиња, велат од АХВ

На македонскиот пазар нема небезбедна храна за бебиња од брендот „Хип“, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Оттаму велат дека АХВ до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија дека во земјава е пласирана спорната кашичка од морков и компир на брендот „Хип“, која пред неколку дена од безбедносни причини беше повлечена од познат синџир супермаркети во Австрија поради наводно присуство на отров за глувци.

„Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ‘Хип’ за Македонија, добивме писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ“, велат од АХВ и додаваат дека и натаму ќе ја следат состојбата и ќе реагираат доколку има потреба.

Пред два дена, „Хип Македонија“ на својата официјална фејсбук-страница објави дека спорниот производ, кој беше повлечен од австриски синџир на супермаркети, не се увезува ниту се продава на македонскиот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk