logo
logo
logo

Бидна ПРВИОТ РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР за 2025: Следува период на промени

Vecer | 16.04.2025

Бидна ПРВИОТ РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР за 2025: Следува период на промени

Првиот ретрограден Меркур за 2025 започна на 15 март и заврши на 7 април. Според астролозите, конечно можете да здивнете, барем до следниот ретрограден Меркур во јули.

Што да очекувате и на што да се посветите по завршувањето на ретроградниот Меркур?

Овен

Сега е одличен период да одморите, особено ако изминатиот месец сте биле преплавени со обврски. Секој ден одвојувајте барем по неколку минути за себе и дозволете си да се исклучите од реалноста за да ги наполните батериите.

Бик

Наскоро можно е да бидете контактирани од пријател со кого сте го заладиле односот. Искористете го поволниот период за да ги решите проблемите. Не трошете енергија да почнувате нови конфликти и дајте го најдоброто од себе да направите компромис.

Близнаци

Ако сте испуштиле некоја можност во периодот на ретроградниот Меркур, сега можно е повторно да ви се укаже. Добро размислете дали имате корист од оваа можност, разгледајте ги предностите и недостатоците, па одлучете што ќе правите следно.

Рак

Дозволете си да заборавите на желбата за контрола и верувајте дека ве следи среќа. Тешкиот период е зад вас и само затоа што нешто не се случува веднаш, не значи дека нема да се случи. Сега е најважно да бидете трпеливи.

Лав

Ако сте дале некои празни ветувања кои не сте биле во можност да ги исполните, сега поправете го тоа. Исполнете ги ветувањата што можете, а за останатите бидете реалистични и признајте дека се надвор од ваша моќ.

Девица

Можно е да се врати љубов од минатото ако ретроградниот Меркур ви донел несреќа во љубовта. Не брзајте со одлуките и пробајте да не се навраќате премногу на минатото. Ако одлучите да ѝ дадете уште една шанса на старата љубов, почнете одново.

Вага

Време е да се ослободите од пријателствата кои повеќе ви штетат отколку што ви носат добро. Искористете го поволниот период за да најдете вистински пријатели кои ќе ве поддржуваат и возвишуваат.

Скорпија

Не си го преоптоварувајте мозокот со работа и информации. Сега, кога заврши проблематичниот период, дозволете си да се ослободите од мислите, особено лошите. Одвојте време за некое хоби кое долго време го запоставувате.

Стрелец

Ако ретроградниот Меркур имал особено лошо влијание врз вас, не заборавајте дека вашите сакани ве разбираат. Во наредниот период не би требало да се соочите со никакви проблеми и ќе можете да се фокусирате на подобрување на менталната состојба.

Јарец

Ретроградниот Меркур можеби заврши, но ќе треба да почекате пред да почне поволниот период за вас. Имајте резервен план за сè, добро организирајте си ги просторот и времето и одложете ги важните одлуки уште за некој период.

Водолија

Ќе бидете окупирани со практични проблеми, вклучително и финансии. Ќе сакате да ги поправите грешките од изминатиот месец, па максимално искористете го поволниот период што следи. Не двоумете се и дали да побарате помош ако ви треба.

Риби

Во наредните неколку недели ќе се сомневате за вашите одлуки, најмногу поради влијанието што ретроградниот Меркур го имаше врз вас. Но, немојте да се потпирате само на вашите инстинкти и пристапете им на проблемите поразумно. Консултирајте се и со некој поискусен ако сте неодлучни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk