logo
logo
logo

Додека гледал утакмица...

УБИЛ ИНФЛУЕНСЕРКА И ЈА СОКРИЛ ВО КУФЕР - Грозоморно убиство ја потресе Колумбија

Vecer | 29.06.2026

УБИЛ ИНФЛУЕНСЕРКА И ЈА СОКРИЛ ВО КУФЕР - Грозоморно убиство ја потресе Колумбија

Британскиот државјанин Метју Ешли Фостер-Смит (46) е обвинет за бруталното убиство на популарната колумбиска инфлуенсерка Наталија Виљалба (36), чие тело, според истрагата, го сокрил во куфер, а потоа се обидел да создаде алиби тврдејќи дека во моментот на злосторството гледал натпревар од Светското првенство.

Случајот предизвика голем шок во Колумбија и повторно ја отвори дебатата за насилството врз жените во оваа јужноамериканска земја.

Фостер-Смит, кој потекнува од британскиот град Борнмут, беше уапсен во Еквадор по меѓународна потерница, под сомнение дека ја убил Виљалба во нејзиниот стан во елитен дел на Богота.

Според истрагата, злосторството било извршено на 18 јуни. Телото на инфлуенсерката било пронајдено неколку дена подоцна, скриено во куфер и оставено во бањата, под туш што сè уште течел.

Мајката на жртвата изјавила дека последен пат разговарала со својата ќерка токму на 18 јуни. Три дена подоцна, по истекот на резервацијата за станот, персоналот задолжен за одржување влегол во апартманот и ја открил морничавата сцена.

Во текот на истрагата, безбедносните камери го снимиле Фостер-Смит како носи постелнина во пералната на зградата, непосредно по исчезнувањето на Виљалба.

Во меѓувреме, осомничениот веќе ја напуштил Колумбија и заминал во Еквадор.

Само неколку часа пред да биде уапсен, Фостер-Смит телефонски контактирал со британскиот весник „Сан“, тврдејќи дека има цврсто алиби.

– Го гледав натпреварот Англија – Хрватска на големо платно во ирски паб. По натпреварот отидов во трговски центар, се прошетав, купив сладолед, а потоа се вратив да следам и други натпревари – изјавил тој.

Осомничениот дополнително тврдел дека добивал смртни закани од локални криминални групи поради долгови и дека се подготвувал да се врати во Велика Британија кога бил уапсен на аеродромот во Кито. Во тој момент веќе бил предмет на црвена потерница на Интерпол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk