logo
logo
logo

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОРГАНИЗМОТ КОГА СЕ ПРЕГРЕВА: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Vecer | 29.06.2026

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОРГАНИЗМОТ КОГА СЕ ПРЕГРЕВА: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Замор, вртоглавица, забрзано дишење. Срцето чука како лудо, а на крајот престанува да пумпа крв. Така може да реагира телото кога се бори со тропските температури. Топлинскиот удар е огромен предизвик за нашиот организам. Човечкото тело може долго да се носи со вишокот топлина, но кога се изложуваме на жега и не внесуваме големи количини течности, можеме да западнеме во сериозни неволји.

Сигнал од центарот за регулација на температурата

Сценариото оди отприлика вака – кога е топло, почнуваме да се потиме. Телото реагира со пот на сигнал од центарот за регулација на температурата, кој се наоѓа во мозокот.

Илјадници рецептори, односно сензори за топлина и студ, кои се наоѓаат во кожата, пренесуваат податоци за температурата до центарот. Кога ќе стане премногу топло, мозокот испраќа сигнал да се започне со ладење.

Организмот се поти и на тој начин ја лади површината на кожата. За жал, тука демне опасност – губиме вода, а со неа и клучни минерали, пред сѐ натриум, хлор и калиум. Недостатокот на натриум доведува до пореметување на свеста, додека дефицитот на калиум може да предизвика пореметувања на срцевиот ритам.

Последици од прегревање на телото

Последиците од прегревањето вклучуваат губиток на телесни течности, забрзана работа на срцето и стимулација на нервниот систем.

Нервниот и циркулаторниот систем се најосетливи на високите температури.

Како што нашите тела се прилагодуваат на жештината, го зголемуваат протокот на крв, го снижуваат крвниот притисок и ја забрзуваат работата на срцето.

Количината на кислород во крвта станува прениска за мозокот и срцето правилно да функционираат. Се јавуваат проблеми со видот, дишењето станува потешко, а крвта се згуснува.

Преоптовареното срце сѐ потешко функционира. Тешкиот мозочен удар може на крајот да доведе до негово запирање.

Што се случува со телото кога се прегрева

  • Недостиг на кислород – недоволниот проток на крв до органите доведува до нивна дехидрација. Мозокот, исто така, го губи снабдувањето со кислород.
  • Крвта се згуснува – отпорот на протокот на крв низ крвните садови се зголемува. Крвта се згуснува, што поттикнува создавање на згрутчување и го оптоварува срцето.
  • Пораст на телесната температура – високата телесна температура е најопасна за мозокот. При треска од 41 степен Целзиусов може да дојде до денатурација на протеините. Мускулите на нозете можат да толерираат повисоки температури – до 45 степени Целзиусови, но кога не можат да ја ослободат топлината, реагираат со грчеви и болка.
  • Забрзан пулс (тахикардија) – порастот на телесната температура ја забрзува работата на срцето, па пулсот може да скокне на 160 до 180 отчукувања во минута.
  • Пад на притисокот – под влијание на топлината се шират крвните садови, што доведува до нагол пад на крвниот притисок.
  • Забрзано дишење – нормалниот број на вдишувања е 16 до 17 во минута. Кога е жешко, тој број повеќекратно се зголемува, што дополнително ја забрзува дехидратацијата.
  • Потење – водата ја губиме низ порите на кожата, но и со секој издив, поради што во крвотокот циркулира значително помалку крв. Заедно со водата губиме сол и други елементи во трагови неопходни за функционирање на телото.

Главни симптоми на прегревање на организмот

  • слабост, замор,
  • дезориентација, главоболка и вртоглавица,
  • визуелни пореметувања,
  • силно потење,
  • престанок на потењето и покрај жештината,
  • мачнина, повраќање,
  • грчеви во мускулите на нозете,
  • бледа и влажна кожа,
  • абнормално сува кожа,
  • брзо, плитко дишење,
  • забрзана работа на срцето: 160-180/мин,
  • висока температура, треска,
  • губење на свеста.

Прва помош при прегревање

Ако се забележат овие симптоми кај себе или кај некој друг, клучно е да се делува веднаш за да се спречат фатални последици:

  • Тргнете се од сонцето – веднаш преместете се во ладна, климатизирана просторија.
  • Разладете го телото – ослободете се од тесната облека. Ставете ладни облоги на вратот, пазувите и препоните. Можете да користите вентилатор или да ја прскате кожата со вода со температура од 25 до 30 °C.
  • Надополнувајте течности – ако лицето е свесно, дајте му ладна, негазирана минерална вода или раствори за рехидратација во мали голтки. Во обичната вода може да се додаде и прстофат сол.
  • Избегнувајте кофеин – може премногу нагло да го крене крвниот притисок и да ја забрза дехидратацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk