logo
logo
logo

Убавата страна на животот: СИЛЈА ДУКОВСКА, ЈАВАЊЕТО КАКО СПОРТ И СТИЛ НА ЖИВОТ

Vecer | 29.06.2026

Убавата страна на животот: СИЛЈА ДУКОВСКА, ЈАВАЊЕТО КАКО СПОРТ И СТИЛ НА ЖИВОТ

На 28.06.2026во Волково се оддржа 3-то коло од Државно првенство на Македонија во препонско јавање. Во натпревар во висина од 120 цм Силја Дуковска го освои второто место.

Силја е четирикратен државен првак на Македонија во препонско јавање. Се натпреварува во категоријата јуниори. Оваа година Силја се подготвува за учество на Балканскиот шампионат, кој ќе се оджи во септември во Грција.

Силја Дуковска, активно се занимава со препонско јавање на коњи. Таа е активен спортист и член на Федерацијата за коњички спортови на Македонија и е четирикратен шампион на Македонија во препонско јавање, два пати во категорија деца и два пати во категорија јуниори.

По само 11 месеци тренинг, во мај 2021 година Силја започна да се натпреварува во дисциплината препонско јавање на коњи. Во сите натпревари од Државното првенство на Македонија за 2021 година, Силја имаше извонредни резултати. Беше победник во двете класи во кои се натпреваруваше, Ц и Д, со висина на пречки 80-100 cm. Таа ја носи титулата Дете шампион на Македонија во препонско јавање за 2021 година.

Во септември 2021 година Силја ја претставуваше Македонија на Меѓународен натпревар во Хрватска, каде оствари забележителни резултати.

Во 2022 година, Силја повторно се натпреваруваше во Државното првенство на Македонија во прескокнување на препони и повторно ја освои титулата Државен шампион на Македонија во препонско јавање за 2022 година, во категорија деца.

Во јуни 2022 година Силја ја претставуваше својата земја на CSICh* European Equestrian Federation Evolution League Jumping натпревар во Божуриште, Бугарија, во организација на FEI Jumping. Во категорија деца таа ги постигна следниве резултати:

Прв натпревар: 8-мо место во 110 cm висина -Two Phases натпревар

Втор натпревар: 2-ро место во 115 cm висина -Team натпревар

Трет натпревар: 7-мо место во 120 cm висина -Grand Prix Table A натпревар

Во септември 2022 година Силја ја претставуваше Македонија на Балканскиот шампионат за препонско јавање на коњи во Романија (CH-Balkan). Во генералниот пласман се пласираше на 27-мо место на Балканот.

Во 2023 година Силја, во Државното првенство на Македонија, беше вицешампион во категоријата Амазонки и освои најголем број на бодови од учества во натпревари, во сите категории на натпреварувачи.

Во Април 2023 година на Регионален натпревар организиран од Српската коњичка федерација во Шимановци, Република Србија, Куп на Србија, Силја го освои петото место во висина 100см.

Во Јуни 2023 година на Меѓународен натпревар организиран од Европската коњичка федерација EEF и FEI во Царацово, Пловдив, Република Бугарија во натпревар CSI* со висина 100см Силја се пласираше на 11то место.

Во Јули 2023 година на Меѓународен натпревар организиран од Европската коњичка федерација EEF и FEI во Солун, Република Грција, Силја учествуваше во натпревари CSI* со висина 110см, 115см и 120см и го освои 15, 14 и 13то место.

И во Јули 2023 година на Meѓународен отворен шампионат на Србија 2023, Ковилово, Белград, Силја освои 1во место во висина 110см и 6-то место во висина 120см.

Во Август, истата година Силја се натпреваруваше на FEI летен турнир, организиран од најголемиот коњанички клуб во Северна, IPPOS Club. Учествуваше во три натпревари, во висина до 120см и оствари забележителен пласман, односно се пласираше во првите 12.

Во 2024 и 2025 година Силја, во Државното првенство на Македонија во прескокнување на препони го освои првото место во категорија Јуниори и стана Државен шампион на Македонија во препонско јавање и учествуваше на неколку меѓународни натпревари каде постигна значајни резултати.

Во септември 2026 година Силја Дуковска повторно ќе ја претставува Македонија на Балканскиот шампионат во препонско јавање на коњи кој ќе се одржи во Грција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk