logo
logo
logo

Мирис кој сигурно ги одбива комарците!

Vecer | 05.05.2025

Мирис кој сигурно ги одбива комарците!

Можеби е прерано да се борите против комарци, но пред летото треба да почнете да користите сапуни, масла и лосиони со мирис на кокос бидејќи мирисот ги одбива!

Доколку претпочитате да користите природни препарати против комарци, тогаш кокосот е идеално решение за овие напади.

– Кога користиме сапуни со цветни и овошни мириси, ги привлекуваме комарците не само со нашиот природен мирис на кожа, туку во исто време мирисаме и на цветот. Тоа е исто како кога ќе се разбудите мирисате кафе и мафини. Многу привлечно – објасни д-р Клеман Виноге, кој го водеше истражувањето на Политехничкиот институт на Универзитетот во Вирџинија.

Истражувањата покажаа дека ефектите на сапунот варираат донекаде од личност до личност, веројатно поради интеракцијата помеѓу сапунот и уникатниот мирисен профил на секоја личност.

– Неверојатно е дека истата личност која е исклучително привлечна за комарците кога не се бања со сапун, станува уште попривлечна ако користи еден вид сапун, а потоа станува одбивна ако се мие со друг вид – истакна Виноже.

Научниците заклучиле дека изборот на сапун делумно може да објасни зошто некои луѓе се магнети за комарци, додека други поминуваат без ниту еден убод.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk