logo
logo
logo

Стар ДОМАШЕН лек ги елиминира ТОКСИНИТЕ од ЦРЕВАТА за ЧАС – Подгответе напиток кој го поттикнува ВАРЕЊЕТО

Vecer | 18.04.2025

Стар ДОМАШЕН лек ги елиминира ТОКСИНИТЕ од ЦРЕВАТА за ЧАС – Подгответе напиток кој го поттикнува ВАРЕЊЕТО

Ако имате проблеми со варењето и метаболизмот, пробајте стар рецепт со варени смокви кој помага во рок од еден час да се отстранат токсините од цревата. Ќе ви требаат пакување смокви и половина литар вода.

Оваа мешавина е полна со витамини, минерали и антиоксиданси. Напитокот содржи витамини А и Е, го балансира нивото на шеќер во крвта, го штити срцето и ги чисти крвните садови.

Само три смокви содржат пет грама природни влакна кои го поттикнуваат варењето и го ублажуваат запекот, а од друга страна, доколку имате дијареа, овој напиток може да ви помогне и да ја спречите оваа непријатна состојба.

Смоквите сварете ги во половина литар вода на тивок оган половина час, а потоа извадете ја смесата од шпорет и испијте ја водата кога ќе се олади, а смоквите можете да ги јадете.

Диета со смокви

Природните влакна во смоквите помагаат во намалувањето на тежината и затоа смоквите често се препорачуваат за дебелите луѓе. Сепак, нивната висока калорична содржина може да резултира и со зголемување на телесната тежина, особено кога се консумира со млеко. Неколку смокви се доволни за да ја внесете препорачаната количина на хранливи материи, па затоа е важно да не се прејадувате.

Смоквите можат да го намалат нивото на холестерол во крвта

Свежите смокви содржат пектин. Пектинот е растворливо природно влакно кое лесно минува низ дигестивниот тракт, со што го отстранува вишокот холестерол и го транспортира до екскреторниот систем за да се отстрани од телото. Како растворливи влакна, пектинот од смокви, исто така, го стимулира здравото движење на дебелото црево. Смоквите можат да имаат лаксативно дејство, бидејќи се една од најважните влакнести намирници на располагање.

Олеснување на болки во грлото со смокви

Високата содржина на слуз во смокви помага во лекување и заштита од болки во грлото. Смирувачката природа на смокви и нивните природни сокови може да ја ублажат болката и стресот на гласните жици.

Камен во бубрегот

Секој ден, еден месец, сварете 6 свежи смокви во 2 dl вода и јадете ги.

Болки во грлото

Сувите смокви можат да помогнат при болки во грлото. Сомелете ги во миксер и измешајте ги со домашен мед. Растворете го овој лек полека во устата кога имате проблеми со голтањето или користете го за ублажување на кашлицата.

Бактерии во стомакот

Смоквата е природен лек за бактерии во желудникот. Најдобриот природен лек за стомачни бактерии или цревни заболувања се подготвува од смокви и маслиново масло. Сè што ви треба е тегла, малку квалитетно маслиново масло и неколку суви смокви.

Висок холестерол

Сувите смокви и јаболковиот оцет ќе го отстранат вишокот маснотии од телото. Ако имате проблеми со висок холестерол, природен лек направен од смокви и јаболков оцет ќе ви помогне за кратко време.

Забелешка: Иако смоквите имаат бројни здравствени придобивки, важно е да се напомене дека советите и рецептите во овој текст претставуваат природни пристапи и не се замена за професионални совети или медицинска терапија. Секогаш консултирајте се со лекар или професионалец пред да користите какви било природни лекови, особено ако имате постоечки здравствени проблеми или земате лекови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk