logo
logo
logo

Важно е да се верува, и плаќа

НОВ КОМУНИЗАМ СЕ НАЈАВУВА ОД АМЕРИКА. Ние ќе лежиме, роботи ќе работат и ќе ни исполнуваат желби

Vecer | 06.06.2026

НОВ КОМУНИЗАМ СЕ НАЈАВУВА ОД АМЕРИКА. Ние ќе лежиме, роботи ќе работат и ќе ни исполнуваат желби

Коминизмот на Карл Маркс се темели на, тогаш, лепливата идеја - изградба на општетство во кое се сите еднакви, и сите ќе имаат се - “согласно нивните потреби“. Се налепија милиони работници и селани на таа утопија која заврши катастрофално. Со диктатура.

Повеќе од сто години оттогаш, од Америка, доаѓа абер за „современиот комунизам“. Блиска иднина од 10-20 години во која роботи и вештачката интелигенција ќе работат за нас, а ние само ќе пишуваме листа на желби и ќе ни се испорача “согласно нашите потреби“.

Проектите за вештачка интелигенција собираат стотици милијарди долари од инвестирори и фондови со раскажување неверојатни бајки, зад тоа стои моќен маркетинг и алчни “визионери“ кои се играат со милијардите со досега скромни резултати за секојдневниот живот а експлозија на контрола врз приватноста на граѓаните но, се чини дека оваа визија за собирање пари со ветување на “светла иднина“ отиде најдалеку.

Штедењето за пензионирање е камен-темелник на личните финансии повеќе од еден век. Но, според Илон Маск, тој концепт наскоро би можел да стане - целосно небитен.

Штедењето за пензија е основно правило за финансиска сигурност со децении. Сепак, Илон Маск верува дека овој принцип наскоро би можел да изгуби секакво значење.

„Една препорака што ја имам е, не грижете се за штедење за пензионирање за 10 или 20 години“, рече Маск во најновата епизода од подкастот „Moonshots with Peter Diamandis“.

„Тоа нема да биде битно“, тврди тој.

Ако, како што вели, предвидувањата за развојот на вештачката интелигенција, енергијата и роботиката се остварат, штедењето за пензионирање ќе стане ирелевантно. Маск опишува иднина во која технолошкиот напредок драматично ја зголемува продуктивноста и создава изобилство на ресурси, овозможувајќи го она што тој го нарекува „универзален висок приход“.

„Добра иднина е онаа каде што секој може да има сè што сака“, рече Маск. Според него, ова би значело и „подобра здравствена заштита од онаа што ја има кој било денес - достапна за сите во рок од пет години“.

Во таков свет, нема да има недостиг од стоки и услуги, а знаењето би било слободно достапно.

Патот до изобилство нема да биде безболен

Сепак, Маск предупредува дека транзицијата кон тоа „утописко“ општество нема да биде лесна. Тој очекува турбуленции, силни општествени промени и немири - но и нешто подлабоко: губење на целта.

„Ако навистина добиете сè што сакате, дали тоа е навистина иднината што ја сакате?“, прашува Маск. „Затоа што тоа значи дека вашата работа повеќе нема да биде важна.“

Маск веќе го промени автомобилскиот сектор со Тесла и вселенската индустрија со СпејсИкс. Денес, неговите компании развиваат автономни возила, хуманоидни роботи, интерфејси мозок-компјутер, асистенти со вештачка интелигенција и голем број други технологии, додека Маск сè повеќе се споменува како потенцијален прв милијардер со 1.000 милијарди во историјата.

Тесла автомобилите се веќе потиснати од кинеските, вселенската програма СпејсИкс му е по судови заради неисполнети обрвски кон инвеститорите и слабо напредување на развојот... 

Судир на визијата и реалноста

Визијата на Маск за свет на изобилство силно се судира со реалноста во која живеат милиони Американци. Продолжената инфлација, високите каматни стапки и слабата динамика на раст на платите доведоа до сериозна криза со прифатливоста.

За многумина, универзитетското образование, квалитетната здравствена заштита, купувањето стан или основањето семејство станаа луксуз. Дури и удобното пензионирање изгледа недостижно - анкетите покажуваат дека повеќето Американци не штедат доволно.

Во овој контекст, „сината“ визија на Маск за иднината може да изгледа како само желба - или дури и опасен совет, ако ги наведе луѓето да престанат да штедат и светот не се промени толку брзо и радикално како што тој најавува.

Во тој случај, последиците би можеле да бидат сериозни - токму кога им е најпотребна сигурност.

Илон Маск раковиди со вселенска програма SpaceX која се потпира на приватни приходи и добил разни федерални договори на САД и НАСА за други вселенски мисии, додека неговата идеја е директно поврзана со колонизацијата на Црвената планета - дека Маск ќе ги носи луѓето на Марс. Прв рок дека тоа ќе се случи беше оваа, 2026-та година, сега е поместен на 2031.

Накусо, Маск одамна вети дека луѓето ќе патуваат на Марс, секако во негова органиација, и на време треба да финансираат и купат карти за тоа патување.

Проектот SpaceX заработил над 13 милијарди долари од НАСА во текот на последната деценија и повеќе од 18 милијарди долари во вкупни федерални договори (вклучувајќи ги и лансирањата на Министерството за одбрана). Плус од привтни лица и фондови.

SpaceX има договор со Falcon Heavy за лансирање на научната мисија ROSA (Ровери и површински аквизиции) на Марс. Доколку биде успешна, пакетот за компензација се проценува на до 1 трилион долари (1.000 милијарди долари).

Идни трошоци за билети за секојдневните патници. Маск изјави дека сака цената на евентуалниот повратен билет до Марс да биде економски изводлива - потенцијално да падне на околу 500.000 долари или дури и под 100.000 долари, во зависност од обемот на летови.

Парите за лет на Марс стигаат и понатаму. Предложениот пакет за исплата на Елон Маск во поднесената IPO на SpaceX открива што всушност претставува компанијата: чудовиште од 1 трилион долари изградено за колонизација на Марс пишува Фортуне, а лет не само што нема туку досега нема ни излез на ракетите од SpaceX до Месечината, а Марс е многу подалеку.

Патувањето до Марс трае околу 7 до 9 месеци за еднонасочно патување, минувајќи по закривена траекторија од приближно 300 милиони милји (480 милиони километри). Со сегашната технологија на хемиски погон, целото патување во двата правци трае околу две до три години бидејќи астронаутите мора да чекаат планетите да се усогласат за повратниот лет.

И сето оба го знаат хипербогатите кои ја полнат касата на Маск да ги однесе на Марс! И шокантно е дека се уште има некој кој верува дека тоа ќе се оствари, дека тој некој ќе летне за Марс, ќе преживее две три години летање и ќе се врaти назад!

Развојот за лет на Марс започна во 2012 година кога Елон Маск првпат ги изложи плановите за масивен, целосно повеќекратно употреблив ракетен систем дизајниран на крајот да ги однесе луѓето на Марс.

Првиот прототип на мегарокетата (Starhopper) го направи својот прв успешен тест лет во јули 2019 година, а активните интегрирани тестови за летови започнаа во 2023 година. 

Оттогаш, од кога Маск почна да ги собира милијардите, се поминати 14 години. А Марс го нема. Ниту ќе го биде, а тие што плаќале да купат билети по пола милион долари ќе се начекаат.

Како што ќе се начекаат и на уживањето во “новиот комунизам“- вештачката интелигенција и роботи да работат а тие да уживаат и чекаат Амазон да им испорача се што “според нивните потреби“. А што ако некој, легант во фотења на Марс, нарача “според своите потреби“ нешто, дали Амазон ќе стаса до таму да му испорача што му треба.

Светот полуде од маркетинг, перење мозок преку социјални мрежи и се полуди ветувања, тоа веќе е очигледно. Лудаците ја преземаа лудницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk