logo
logo
logo

ЈСП со СПЕЦИЈАЛНИ ЛИНИИ за Саемот на книга 2026

Vecer | 22.04.2026

ЈСП со СПЕЦИЈАЛНИ ЛИНИИ за Саемот на книга 2026

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и оваа година воведува дополнителни автобуски линии за да им овозможи на граѓаните полесен пристап до 38. „Меѓународен саем на книгата“. Манифестацијата ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а специјалниот превоз ќе биде достапен во периодот од 23 до 29 април 2026 година.

За потребите на посетителите, во сообраќај ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“. Првата линија („100“) ќе поаѓа од населбата Ново Лисиче и ќе се движи по главните градски булевари директно до спортскиот центар. Втората линија („200“) ќе тргнува од Дексион и ќе сообраќа по трасата низ Ѓорче Петров и булеварот „Партизански одреди“.

Двете линии ќе функционираат со редовни интервали во текот на целиот ден, а превозот ќе се наплаќа според официјалниот тарифник на ЈСП. Од претпријатието потврдуваат дека повратните возења од СЦ „Борис Трајковски“ кон Ново Лисиче и Дексион ќе се реализираат во истите временски термини, со цел да се обезбеди ефикасен превоз за сите љубители на пишаниот збор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk