Многу автомобили имаат бришачи кои работат автоматски. Но, како и на која основа се активираат бришачите?
Генерално, објаснувањето е прилично едноставно, но не е така лесно да се разберат поединечните компоненти и нивната работа...
Во основа, постои оптички сензор кој ја детектира влагата на шофершајбната (однадвор). Тој сензор е поставен на внатрешната страна на шофершајбната, во близина на ретровизорот.
Овој сензор испушта инфрацрвена светлина низ стаклото под агол од 45 степени - и многу е важно да ја емитува токму под тој агол.
Ако стаклото е суво, поголемиот дел од таа светлина ќе се рефлектира од надворешната површина на шофершајбната назад во сензорот.
Меѓутоа, ако на стаклото има вода, односно капки дожд - таа светлина ќе се „распрсне“ во различни правци. Во принцип, колку повеќе вода на шофершајбната, толку помалку инфрацрвена светлина ќе се враќа во сензорот.
„Електрониката“ и софтверот што го контролираат целиот процес се поставени така што бришачите се активираат кога количината на светлина ќе падне под одредено ниво. Софтверот потоа ја одредува брзината на бришачот врз основа на тоа колку брзо вода/дожд се акумулира на шофершајбната помеѓу поминувањата на бришачите.
Овој систем има можност фино и прецизно да ја одреди брзината на бришачот, но тоа зависи од производителот и моделот.
Дали овој систем реагира на снег?
Да, тој реагира на снег според истиот систем како и на дожд.
Исто така, не може секогаш да се активира идеално. На пример, можеби бришачите „вртат круг“ кога не им треба или мора рачно да ги активирате иако веќе врне. Тоа се веќе работи кои зависат од програмата која го контролира нивното активирање и сензорот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата