Погрешно е мислењето дека луѓето кои пијат многу алкохол можат да се справат со него, покажа новото истражување. Наместо тоа, луѓето со нарушување на употребата на алкохол - вообичаено се нарекува алкохолизам - беа значително оштетени на когнитивните и моторните тестови до три часа откако пиеле алкохолен пијалок.
„Популарно е верувањето дека искусните алкохоличари можат да го контролираат своето пиење, како двајца каубојци во бар да се натпреваруваат за пиење, и тие имаат некоја мачо сила да внесат што е можно повеќе алкохол и да се справат со тоа“, вели коавторот на студијата Нејтан Дидие од Универзитетот во Чикаго.
„Идејата дека едно лице може да стане толерантно на алкохол со зголемена изложеност е насекаде - на социјалните мрежи, во филмовите. Нашата студија покажа дека постои одреден степен на зголемена толеранција, но навистина се зависи од тоа колку алкохол конзумирал човекот и колку време поминало од пиењето“, рече член на студијата Андреа Кинг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата