logo
logo
logo

Корисно е да се прочита, и поправи: 10 ОСОБИНИ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОКСИЧЕН ТАТКО

Vecer | 06.04.2025

Корисно е да се прочита, и поправи: 10 ОСОБИНИ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОКСИЧЕН ТАТКО

Таткото има големо влијание врз децата, а тоа влијание во зависност од неговото однесување може да биде позитивно или негативно.

Повеќето родители се трудат и даваат се од себе, но секогаш има исклучоци - на пример токсични татковци кои вака се препознаваат.

1. Покажува непочитување

Со своето однесување, токсичниот татко намерно и многу упорно прави своите деца да се чувствуваат недостојни, не ги почитува и дава омаловажувачки коментари. Има многу важна разлика помеѓу покажувањето грижа за детето и критикувањето на секој негов избор.

2. Го игнорира детето

Постојат многу здрави начини да се справите со конфликтот, а игнорирањето во никој случај не е еден од нив. Семејниот терапевт Алексис Олета истакнува дека има и такви кои ги игнорираат другите за да се заштитат, но и такви кои свесно го користат овој метод за да ги повредат другите, во случајов децата.

„Молчењето се користи за психолошка контрола, казнување и манипулација со другите“, забележува Олета.

3. Користи закани

Заканите не се само знак за токсичен татко, туку се и неефикасни. Всушност, постојаните закани можат да доведат до тоа постарите деца да го следат ова однесување кон другите, објаснува терапевтот.

„Вербалната злоупотреба, заканите и одмаздата се некои од начините на кои токсичниот родител се обидува да го контролира и манипулира детето. Ова е особено забележливо додека детето расте и се обидува да стане понезависно. Кога динамиката на моќта родител/дете е загрозена, токсичниот родител ќе користи тактики како закани и последици за да ја одржи контролата над детето... што е ризично и за однесување на детето надвор од дома“.

4. Има проблеми со зависност

Ако таткото по неколку пијачки се претвори во друга личност, ова е еден од знаците дека тој е токсичен човек со проблеми со зависност или злоупотреба на супстанции. Проблемите со злоупотреба на супстанции може да влијаат на способноста на човекот да биде родител, пишува romper.com.

5. Ги спречува децата да растат

Понекогаш токсичниот татко се обидува да го „спречи“ детето да порасне, но го охрабрува или дури бара детето да остане зависно од него, за да продолжи да има контрола и доминација.

6. Има изливи на гнев

Се разбира, сите понекогаш се лутат и вознемируваат, но токсичната личност, во овој случај таткото, може да има чести напади на лутина и бес, а потоа да ги обвинува децата што предизвикуваат таква реакција.

7. Дава условна љубов

Родителската љубов треба да биде безусловна, но во токсично сценарио, „родителот покажува одобрување или љубов само кога детето ќе се усогласи со она што родителот го сака од него“, вели професорката по психологија д-р Кели Кембел.

8. Промовира страв

Кога таткото предизвикува страв кај децата за да може полесно да ги контролира, тоа е речиси сигурно знак за токсично однесување.

„Децата потоа се чувствуваат како да треба да „газат по јајца“, дека нешто лоѓо ќе е случи, а во обид да избегнат вербално, психичко или физичко насилство, малите учат што е поттик за родителот, а што не. Тоа се одразува и во нивните односи во иднина“, вели Олета, додавајќи дека стравот не е исто што и љубов и почит.

9. Нарцисоидни особини на личноста

Што се однесува до нарцисите, тие се за себе центарот на светот, а д-р Кембел забележува дека родителите со нарцисоидни склоности можат да бидат и токсични. Децата кои растат со таков татко, дури и кога ќе пораснат, може да се чувствуваат како потребите на нивниот татко да се поважни од сите инад сè.

Олета вели дека некои нарцисоидни особини на токсичниот татко може да вклучуваат доминација во разговорот, прекумерна или занемарена комуникација со децата, обвинување други за неговото однесување, принудување на децата да ги преиспитаат своите одлуки или критикување на нивниот избор, како и покажување прекумерна љубов дури откако на некој начин го навредил или повредил детето.

10. Повлекување

Зборувајќи за неконтролираните нарцисоидни особини, другата страна на однесување на нарцисоидните татковци е да бидат повлечени и оддалечени од своите деца, да не им ја обезбедуваат топлината и грижата што им е потребна, а тоа е потенцијално штетно.

„Ако тоа се случува постојано, детето со текот на времето учи дека не може да се потпре на својот татко за топлина, поврзаност, заштита и љубов“, вели Олета. „Односите меѓу родителот и детето стануваат несигурни и нестабилни бидејќи недостигаат постојана грижа и љубов“.

Растењето со токсични родители може да има бројни психолошки последици за детето кои остануваат и во зрелоста а за да не се случува тоа треба многу малку, малку повеќе трпение, внимание и комуникација со децата за да почувтсвуваат почитувње и сигурност од страна на родителите што, потоа, носи придобивки и за децата кои кога ќе пораснат, а и за родителите да бидат горди на нив и сигурни во нивната иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk