logo
logo
logo

Зошто КРПИТЕ СТАНУВААТ ГРУБИ? Експертите ги откриваат НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ

Vecer | 21.07.2026

Зошто КРПИТЕ СТАНУВААТ ГРУБИ? Експертите ги откриваат НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ

Експертите за одржување текстил објаснуваат дека причината поради која крпите не се меки и пријатни на допир најчесто е таложењето различни наслаги на влакната, но и неправилното перење и сушење.

Една од причините се крие уште во производството. Новите крпи често се премачкани со силиконски средства кои ги прават меки на допир, но привремено ја намалуваат нивната моќ на впивање. Затоа, пред првата употреба добро е да се исперат еднаш или двапати, а во текот на првите неколку недели да се перат по секоја употреба за заштитниот слој целосно да се отстрани, пишува порталот Марта Стјуарт.

Проблем може да биде и преполната машина за перење. Кога барабанот нема доволно простор, крпите не се исплакнуваат темелно, па во влакната се задржуваат остатоци од себум, детергент и нечистотија. Експертите советуваат крпите да се перат одвоено од останатата облека и барабанот да не биде преполнет.

Важно е редовно да се чисти и самата машина. Остатоците од детергент, бигорот и нечистотиите можат повторно да се наталожат на ткаенината, поради што крпите стануваат груби и слабо впиваат вода. Доволно е на секои неколку месеци да се вклучи програма за чистење на машината за перење со средство за чистење или алкохолен оцет.

Ниту начинот на сушење не е неважен. Ако крпите останат влажни, може да се развие мувла и непријатен мирис, додека превисоката температура во машината за сушење алишта ги оштетува влакната и ја намалува нивната способност за впивање. Затоа е најдобро да се сушат на воздух или во машина на ниска до средна температура.

Многумина посегнуваат по омекнувач за крпите да останат меки, но експертите предупредуваат дека токму тој може да биде еден од најголемите проблеми. Омекнувачите и мирисливите марамчиња за сушара оставаат восочен слој на влакната кој го намалува впивањето. Наместо нив, се препорачуваат волнени топчиња за сушара кои природно ја омекнуваат ткаенината.

Ако живеете во област со тврда вода, минералите како калциумот и магнезиумот исто така можат да го намалат впивањето. Тие постепено се таложат на влакната, па крпите стануваат тврди и храпави. Во такви случаи може да помогне омекнувач на вода или повремено длабинско чистење на крпите.

Уште една честа грешка е претерувањето со детергент. Вишокот средство не се исплакнува целосно, туку останува на ткаенината и создава слој кој ја одбива водата. Експертите затоа препорачуваат користење помала количина квалитетен концентриран детергент и избегнување агресивни белила кои можат да ги оштетат влакната.

На крајот, ниту крпите не би требало да се користат предолго без перење. Лосионите, маслата за тело, кремите за сончање и производите за коса постепено се таложат во влакната и создаваат заштитен слој кој спречува впивање вода. Редовното перење и целосното сушење помеѓу користењата се најдобриот начин крпите да останат меки, свежи и ефикасни.

Какo да им ја вратите моќта на впивање на крпите?

  • Сортирајте ги крпите по боја и дебелина и перете ги во помали количини.
  • Во барабанот истурете една чаша алкохолен оцет, без детергент и омекнувач.
  • Вклучете програма на највисоката дозволена температура.
  • По завршувањето, додајте пола чаша сода бикарбона или една лажица кислородно белило и вклучете уште еден циклус на перење.
  • По желба, направете и трето перење со мала количина благ детергент.
  • По перењето, добро истресете ги крпите за влакната повторно да се олабават.
  • Исушете ги на средна температура или, уште подобро, на свеж воздух и сонце.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk