logo
logo
logo

50 години Британец возел без возачка, го фатиле откако се пофалил

Vecer | 04.06.2023

50 години Британец возел без возачка, го фатиле откако се пофалил

Никогаш не полагал возачки испит, а сите овие години успешно ја мамел осигурителната компанија дека има возачка дозвола.

Иако во подоцнежни години, овој неименуван возач не можел да одолее на нагонот да се пофали. Толку се фалел што полицијата тргнала да го бара и набрзо го фатила. Тој бил запрен од сообраќајната патрола во Дербишир и веднаш откриле дека ја кажува вистината - повеќе од 50 години возел без дозвола и успешно ја измамувал осигурителната компанија.

На возачот му е поднесена прекршочна пријава, а автомобилот му е одземен, пишува Јалопник.

Ова очигледно не е изолиран случај. Едно време во Бирмингем бил фатен возач кој 40 години возел без дозвола. Рекордер е, сепак, возач на Mini кој бил фатен минатата година, по 72 години користење на автомобил во сообраќај без возачка дозвола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk