logo
logo
logo

5 намирници кои ГИ ЧУВААТ КОСКИТЕ: Полни се со КАЛЦИУМ

Vecer | 26.10.2021

5 намирници кои ГИ ЧУВААТ КОСКИТЕ: Полни се со КАЛЦИУМ

Калциумот е неопходен за здравјето на коските, а е познат главен минерал во борбата против остеопорозата, па затоа е важно да го имаме доволно во организмот.

Постојат намирници кои се богати со калциум и кои се неопходни за употреба во исхраната. Нутриционистите наведуваат кои пет намирници се особено богати со овој минерал.

Јогурт

Една чаша јогурт со малку маснотии има близу 450 милиграми калциум, што е околу 42 отсто од препорачаната дневна доза на овој минерал. Јогуртот е подобар од млекото, бидејќи содржи повеќе калциум. имено, една чаша обезмастено млеко содржи околу 300 милиграми.

Цврсти сирења

Многу нутриционисти ги сметаат за еден од најдобрите извори на калциум, но предупредуваат дека треба внимателно да се консумираат. Овие млечни производи содржат и висок процент на масти, па затоа не се препорачува претерување со сирење во исхраната.

Брашно од соја

Соиното брашно, но и тофуто се одличен извор на овој минерал. Една порција тврдо тофу содржи околу 250 милиграми калциум, а оваа храна може да го замени и месото, па нутриционистите препорачуваат да го вклучите во исхраната.

Риба

Особено здрава риба полна со калциум е морската. Најдобар избор се сардините кои можете да ги јадете со коски, благодарение на кои ќе внесете дополнителна доза од овој минерал во организмот.

Сушено овошје

Меѓу сувото овошје, смоквите, сливите и урмите се секако најголемиот извор на калциум. Овој минерал го има и во сусамот, но и во многу јаткасти плодови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk