logo
logo
logo

ДАЛ 50.000 ДОЛАРИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА МУ НАЈДЕ ЖЕНА! Се чека жена од другата страна со исто барање

Vecer | 07.07.2026

ДАЛ 50.000 ДОЛАРИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА МУ НАЈДЕ ЖЕНА! Се чека жена од другата страна со исто барање

Корисник К.М, од Бангалор, “силициумската долина во Индија“, одлучил да ѝ довери на вештачката интелигенција необична задача, да му помогне да ја пронајде својата идна сопруга за шест месеци. За тој проектиздвоил буџет од дури 50.000 долари и поставил рок.

Нарачката е од крајот на амј годинава, но се уште нема решение и “испорака“ на невестата а парите се потрошени.

Вештачката интелигенција како личен советник

Како што наведува, го користи експерименталниот систем за вештачка интелигенција на компанијата Anthropic со најскапиот пакет за претплата.

Вештачката интелигенција не комуницира директно со потенцијалните партнери, туку анализира разговори, дава совети, предлага следни чекори и ја прилагодува стратегијата врз основа на претходните резултати.

Целта е вештачката интелигенција да функционира како еден вид личен стратег кој помага во донесувањето одлуки и подобрувањето на комуникацијата, додека сите вистински состаноци и разговори ги води самиот корисник.

Мешани реакции

Објавата предизвика голем број коментари на Reddit.

Додека многумина ја доживеаа целата приказна како експеримент или егзибиционизам, други веруваат дека вештачката интелигенција може да биде корисна алатка за личен развој, но предупредуваат дека не треба да ги „оптимизира“ меѓучовечките односи како да се деловни проекти.

Каде е границата?

Овој пример покажува дека вештачката интелигенција сè повеќе се користи за долгорочно планирање и постигнување лични цели, а не само за решавање на индивидуални задачи.

Сепак, експертите предупредуваат дека сè уште не е јасно каде завршува корисната помош и каде започнува прекумерната зависност од технологијата во приватниот живот.

Корисникот на платформит за вештачка интелигенција - чека. Едно од прашањата во дебатата е - дали попаетно ќе му било со тие 50.000 долари да се подготви и прошета во потрагата по невеста, или да ги фрли парите во неизвесност, милост и немилост на комјутерите кои, во суштина се “ интелигенцијата“.

Најпосле, сомневањето во сопствената интелигенција и слепо препуштање на “вештачката“ дефинтивно е признавање на сопствената инфериорност. А ова е скапо признание.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk