logo
logo
logo

Американскиот потпретседател очекува ЧЕТВРТО ДЕТЕ (ФОТО)

Vecer | 21.01.2026

Американскиот потпретседател очекува ЧЕТВРТО ДЕТЕ (ФОТО)

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и неговата сопруга Уша Венс објавија добри вести. Имено, двојката го очекува своето четврто дете, а во оваа пригода се огласија на мрежите.

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и неговата сопруга Уша Венс ја споделија добрата вест на Инстаграм. Тие истакнаа дека Уша се чувствува добро, а дека и бебето напредува добро.

Покрај тоа, тие го открија и полот на детето - двојката очекува син, а сопругата на американскиот потпретседател треба да се породи кон крајот на јули.

„Многу сме возбудени што ја споделуваме веста дека Уша е бремена со нашето четврто дете, момче. Уша и бебето се добро и сите со нетрпение очекуваме да го пречекаме кон крајот на јули“, се вели во објавата.

„Во ова возбудливо и зафатено време, сме особено благодарни на воените медицински лица кои се грижат за нашето семејство, како и на членовите на персоналот кои работат толку напорно за да ни овозможат да ѝ служиме на нашата земја, додека уживаме во прекрасен живот со нашите деца.“

Двојката веќе има три деца - осумгодишниот Еван, петгодишниот Вивек и четиригодишната Мирабел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk