Осумгодишниот Хизир Дербичев исчезна во реката Сунжа во Ингушетија откако скокна во водата за да го спаси својот другар кој се давел, а по него веќе со денови трагаат неколку илјади спасувачи и доброволци од целиот Кавказ.

Трагедијата се случила на 15 јуни во близина на селото Јандаре. Група деца се наоѓале покрај реката кога едно од момчињата почнало да се дави. Хизир без никакво двоумење тргнал да му помогне. Успеал да го спаси својот другар, но тој самиот повеќе не излегол од водата. Моќната струја го повлекла за само неколку секунди. Момчето исчезнало под водата, а потрагата по него оттогаш не престанува.
„Вклучена е општа група од шест илјади луѓе, од кои 4.500 се доброволци. Тоа не се само луѓе од Република Ингушетија, туку и од нашите соседни републики“, соопштија од Министерството за вонредни ситуации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата