logo
logo
logo

Сцена од Оскарите заради која на многумина им се ЗГАДИ животот! (Видео)

Vecer | 03.03.2025

Сцена од Оскарите заради која на многумина им се ЗГАДИ животот! (Видео)

Актерот Адриен Броди го освои вториот Оскар во кариерата, за главната улога во филмот „Бруталистот“. Но, сите зборуваат за сцената која се случи кога тргна да излезе на сцената!

По сочниот бакнеж со Хали Бери, Броди трпеливо чекаше во публиката да види дали го добил Оскар за најдобар актер, придружуван од неговата партнерка Џорџина Чепмен, инаку поранешна сопруга на холивудскиот насилник Харви Вајнштајн.

Кога беше објавено дека Броди го добил Оскарот, тој прво ја бакна неа, а потоа и остатокот од неговата придружба, а потоа се упати кон сцената.

Но во тој момент очигледно сфати дека има гума за џвакање во устата, а од него се очекуваше да одржи победнички говор. Кога станал свесен за тој факт, актерот се сврте кон Џорџина, ја извади гумата за џвакање и ја фрли кон неа! Актерката и модел вешто ја фати гумата за џвакање и брзо се врати на своето место.

На многумина им се згади животот

Овој потег беше снимен од бројни камери, а видеото брзо стана вирално, што предизвика дебата на социјалните мрежи за неговиот потег. Секако, имаше коментари.

„Фуј, можеше да ја стави во џеб“, „Можеше да ја проголта“, „Одвратно“ се само дел од коментарите за овој необичен момент од Оскарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk