За првпат во историјата, на висока позиција во Англиканската црква беше именувана жена – дамата Сара Малели е потврдена како првата жена архиепископ на Кентербери.
До ова дојде по конечната одлука на судот дека сите процедурни чекори биле правилно спроведени за да може да се потврди изборот на новиот архиепископ, пренесува денеска Скај њуз.
„Откако ја одмеривме и разгледавме оваа работа со помош на угледни правници, ние, врз основа на овластувањата што ни се дадени, го потврдуваме изборот на почитуваната дама Сара Елизабет Малели за архиепископ на Кентербери и му ја доверуваме, на сега избраниот и потврден архиепископ, грижата, управувањето и администрирањето на духовните лица на Кентербериската надбискупија“, изјави архиепископот на Јорк, Стивен Котрел, кој ја прочита конечната судска одлука.
Со тоа беше завршена постапката за потврдување на дамата Сара Малели како 106-ти лорд архиепископ на Кентербери, по што таа положи заклетва врз Библијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата