logo
logo
logo

МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА СКРШЕНА ОД БОЛКА, колегите се збогуваат од легендарниот Владо Јаневски

Vecer | 29.06.2026

МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА СКРШЕНА ОД БОЛКА, колегите се збогуваат од легендарниот Владо Јаневски

Колегите и пријателите на македонски естраден пејач, текстописец и уметник Владо Јаневски со емотивни објави се збогуваат од него. Владо Јаневски почина вчера (28.06) на 66-годишна возраст. Според досегашните информации, пејачот починал во скопска клиника по кратко боледување.

Социјалните мрежи се преплавени со пораки од неговите фанови, но и од колеги музичари и други ѕвезди.

Игор Џамбазов искрено му се заблагодари за сè што направил:

„Збогум Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А, понекогаш се излишни. Слава ти! И ти благодарам за сè што направи“.

Каролина Гочева сподели неколку фотографии со ценетиот колега.

„Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да те заборавам…“

Весна Петрушевска остави емотивен коментар:

„На крајот ми стана сосема сеедно. Сфатив дека ништо на светот нема никакво значење. Луѓето живееја, се караа, се радуваа, страдаа, а мене сето тоа ми изгледаше бесмислено. Постепено дојдов до уверување дека ништо не е важно и дека никогаш ништо нема да биде важно.“ Ова беше Владо низ целиот свој живот. Се пребројуваме изгледа“.

Таа сподели и објава на Инстаграм, со видео и под него порака: „Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе. Ќе фалиш“.

Се огласи и Дарио:

„Јаневски, мајсторе, толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам.

Некогаш се сложувавме, понекогаш и не, но исклучително многу се почитувавме како блиски колеги. Ти мене Панковски, јас тебе Јаневски, така си се обраќавме кога ќе се видевме, к’о бајаги официјално, а у ствари со многу скриена близина и топлина. Ова беше пребрзо, шокантно, трагично и некако…нестварно. Нека Ти е вечна слава мој Јаневски, многу ми е жал, многу…“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk