logo
logo
logo

Ова цвеќе симболизира среќа, благосостојба и хармонија, па затоа е добро да го внесете во домот за Велигден

Vecer | 03.04.2025

Ова цвеќе симболизира среќа, благосостојба и хармонија, па затоа е добро да го внесете во домот за Велигден

Дали знаевте за овој обичај? Јоргованот е цвет кој симболизира среќа, благосостојба и хармонија, па затоа е добро да го внесете во домот за Велигден. Според верувањето, по распнувањето на Исус, Дева Марија нашла засолниште под едно дрво и заспала. Дрвото ја заштитило со своите гранки од ветер и студ, а кога се разбудила го благословила. Оттогаш, тоа дрво процветало како мирислив јоргован - симбол на надеж и обнова.

Јоргованот носи радост, мир и блискост во домот. Неговиот мирис опушта и создава пријатна атмосфера. Се верува дека носи среќа и просперитет во куќата, особено ако се внесе пред Велигден.

Може да се користи во празнични украси - во вазна, на маса или како мирисна декорација во собата. Виолетовиот јоргован ја симболизира првата љубов, додека белата симболизира невиност и верност.

Според народните верувања, капењето во вода со јоргован може да ви помогне да ја видите идната љубов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk