logo
logo
logo

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Vecer | 24.12.2025

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите.

Болките во зглобовите и колената стануваат сè почест проблем, не само кај постарата популација, туку и кај помладите луѓе кои водат седечки начин на живот или се занимаваат со интензивна физичка активност.

Иако оштетувањето на ’рскавицата често се смета за неповратен процес, сè повеќе истражувања укажуваат дека правилната исхрана може значително да придонесе за зачувување на зглобовите, намалување на воспаленијата и поддршка на природните процеси на обновување на ткивото.

’Рскавицата е сврзно ткиво кое нема сопствени крвни садови, поради што бавно се регенерира. Токму затоа, внесот на соодветни нутриенти е од пресудно значење за нејзината функција и долговечност, се наведува во една студија.

Колаген – градежен материјал на зглобовите

Колагенот е основниот протеин на ’рскавицата и сврзното ткиво. Со годините, неговото природно производство се намалува, што доведува до слабеење на зглобовите и појава на болка.

Внесот на колаген преку храна или суплементи може да помогне во зачувување на еластичноста на ’рскавицата и намалување на вкочанетоста во колената. Намирници богати со колаген се бујон од коски, риба и јајца.

Витамин Ц – неопходен за синтеза на колаген

Без витамин Ц, телото не може ефикасно да произведува колаген. Овој витамин делува и како силен антиоксиданс и ги штити зглобовите од оксидативен стрес. Цитрусите, пиперката, кивито и брокулата се одлични извори на витамин Ц.

Глукозамин и хондроитин – заштита и „подмачкување“ на зглобовите

Овие две соединенија природно се наоѓаат во ’рскавицата и играат важна улога во нејзината структура и функција. Се смета дека можат да придонесат за намалување на болката, подобрување на подвижноста и забавување на пропаѓањето на ’рскавицата, особено кај колената изложени на големо оптоварување.

Омега-3 масни киселини – против воспаление

Хроничното воспаление е една од главните причини за пропаѓање на зглобовите. Омега-3 масните киселини имаат силно противвоспалително дејство и можат да ги ублажат симптомите како болка и оток. Ги има во масна риба, ореви, ленено семе и чиа семки.

Витамин Д и калциум – стабилност на зглобовите и коските

Здравјето на зглобовите не може да се разгледува одвоено од здравјето на коските. Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциумот и придонесува за стабилност на зглобовите, додека неговиот недостаток може да го зголеми ризикот од повреди и дегенеративни промени.

Иако исхраната сама по себе не може целосно да ја обнови сериозно оштетената ’рскавица, таа може значително да ги забави дегенеративните процеси, да го намали воспалението и да го подобри квалитетот на живот. Во комбинација со умерена физичка активност, одржување здрава телесна тежина и правилно оптоварување на колената, правилната исхрана претставува силен сојузник во зачувувањето на зглобовите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk