logo
logo
logo

Домашни миленици: Трикови за дом без мирис

Vecer | 24.12.2025

Домашни миленици: Трикови за дом без мирис

Таквите непријатни мириси најчесто се впиваат во ткаенините и мебелот, што се препорачува да се отстранат за да се зачува чистата и свежа средина во домот. Еден од наједноставните и најефикасни начини за нивно отстранување е употребата на сода бикарбона. 

Уште една ефикасна и едноставна постапка е и редовното усисување бидејќи влакната од милениците се чест извор на непријатни мириси. Експертите препорачуваат користење правосмукалки со силна вшмукувачка моќ и специјални додатоци за ткаенини. По чистењето, може да се користат и освежувачи за текстил, кои дополнително ги неутрализираат мирисите.

Покрај домашните решенија, на пазарот постојат и специјализирани производи, таканаречени „елиминатори“ на мириси. Тие се наменети за ткаенини и за тврди површини, а нивната улога е разградување на органските мириси, наместо нивно прикривање. Со редовна нега на вашето милениче, а истовремено и добра хигиена, ќе го зачувате вашето здравје, како и удобноста во вашиот дом.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk