logo
logo
logo

Над милион – му дадоа автомобил – повторно над милион!

Vecer | 15.04.2025

Над милион – му дадоа автомобил – повторно над милион!

Додека многу возачи менуваат автомобили на неколку години, Виктор Шепард изгради репутација на возач лојален на една марка – Тојота.

Овој Американец по втор пат во животот успеа да извози повеќе од милион милји (околу 1,6 милиони километри), со два различни пикап камиони Тојота Тундра.

Неговата приказна започнува во 2016 година, кога неговата Toyota Tundra од 2007 година ја достигна магичната граница од 1.000.000 милји. Потоа, во знак на благодарност за неговата лојалност и импресивната километража, Тојота му подари сосема нова тундра 2016 година.

Но, сега Шепард е повторно во центарот на вниманието – овој пат за уште еднаш да ја помине границата од милион со тундра. Она што е интересно е што не се работи за модел за подарок, туку за возило што го купил пред да го предаде стариот камион на Тојота.

Откако добил нова Тундра, овој модел (од 2014 година) го користел за работа, додека оној што му бил даден (модел од 2016 година) бил за приватна употреба. Резултат? Уште една Тојота со милион милји на неа.

Првата Тундра го постигна овој подвиг со оригиналниот мотор и менувачот, со редовно одржување. Новиот шампион од 2014 година исто така беше исклучително сигурен – до 860.000 милји, кога беше заменет менувачот. Моторот, сепак, остана ист.

Pickup Truck Talk прво ја сподели оваа приказна, заедно со неколку фотографии од пикап камионот. И покрај екстремната километража, возилото изгледа изненадувачки добро сочувано, иако има мали оштетувања на задниот дел.

Засега не е познато дали Тојота е официјално известена за овој втор успех. Ако е така, не би било изненадување доколку на Шепард повторно му биде предадено ново возило, бидејќи ако има нешто што продава пикап камиони, тоа е докажана издржливост, а случајот на Шепард е вистински пример од реалниот живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk