Кучињата многу се разликуваат во нивните реакции кон луѓето, а објаснувањето за тоа лежи во неколку клучни фактори. Некои кучиња може да лаат по одредени луѓе, додека ќе се галат со други, а овие различни одговори може да се поврзани со личноста на кучето, неговите претходни искуства и физичките карактеристики на луѓето, пренесува nova.rs.
Една од причините зошто кучињата реагираат на одредени луѓе може да биде недостатокот на искуство. Ако кучето додека растело не било изложено на доволно различни луѓе и ситуации, новите искуства можат да го исплашат. Дури и поискусните кучиња може да бидат претпазливи за луѓе со карактеристики кои им изгледаат заканувачки, како што се висина, длабок глас, очила или необични мириси. Исто така, кучињата имаат одлични сеќавања и можат да поврзат специфични карактеристики на луѓето со негативни искуства од минатото, што може да ги натера да реагираат негативно.
Интересно е тоа што многу кучиња лаат по луѓето од желба да го заштитат својот сопственик или нивната територија. Ова е особено изразено кај кучињата кои биле одгледувани за чување, како што се ротвајлерите или германските овчари. Кучињата може да ги толкуваат дури и безопасните движења или однесувања како закана, поради што лаат за да ги предупредат.
Како да го смирите лаењето? Прво, важно е кучето уште од мало да биде изложено на различни луѓе и ситуации за да се намали ризикот од страв. Исто така, наградувањето на мирното однесување и користењето на основните команди може да помогне. Доколку лаењето стане претерано или агресивно, се советува помош од тренер за кучиња.
Лаењето е природна форма на комуникација за кучињата, но со правилен пристап и трпение, повеќето кучиња можат да научат како да ги контролираат своите реакции на странци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата