logo
logo
logo

ВКУСНО И БРЗО: Тортиља со пилешко готова за 10 минути

Vecer | 06.08.2024

ВКУСНО И БРЗО: Тортиља со пилешко готова за 10 минути

Тортиљите се многу популарни последниве години, а може да се јадат во секое време од денот бидејќи не се тешки за стомакот, а во исто време и многу заситуваат. Готови тортиљи може да се најдат во речиси секоја продавница, а на вас останува да го изберете филот.

Тортиљите со пилешко се една од најпопуларните варијации на ова јадење. Еве како да ги подготвите за само неколку минути.

Потребни состојки:

  • 8 тортиљи
  • 250 г печено пилешко филе 
  • 1 помала краставица исечена на тенки лентички
  • 1 црвена пиперка исечена на тенки лентички
  • 1 главица црвен кромид 
  • 200 г кашкавал
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица маслиново масло
  • За сервирање; сезонска салата, крем сирење, кечап, сенф (по желба)…

Начин на приготвување: Посолете го пилешкото и пропржете го во тава на врело масло додека убаво да порумени. Изрендајте го кашкавалот. Наредете го пилешкото, кромидот, биберот, краставицата и кашкавалот во тортиљите и некој сос по желба и вкус. Свиткајте ја тортиљата и уживајте...

Добар апетит!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk