logo
logo
logo

РЕЦЕПТ ЗА НАЈЗДРАВАТА УЖИНКА НА СВЕТОТ, СТАР ДУРИ 6.000 ГОДИНИ Се прави само од две намирници

Vecer | 25.11.2025

РЕЦЕПТ ЗА НАЈЗДРАВАТА УЖИНКА НА СВЕТОТ, СТАР ДУРИ 6.000 ГОДИНИ Се прави само од две намирници

Пастели, најздравиот колач на светот од сусам и мед, стар 6.000 години, полн со енергија и лековити својства.

Оваа лековита ужина, позната како најздравиот колач на светот, се споменува во Хомеровата „Илијада“ под името интрион. Интрион, односно пастели, им се давал на Хелените – воини пред да тргнат во битка, за да имаат сила и издржливост за тешките напори. Пастели се споменува и во древните египетски записи, каде што жените го користеле за стимулација на хормоналните жлезди. Познатиот грчки писател и „татко на историјата“ Херодот го нарекол пастели лек и деликатес во исто време.

Што е всушност пастели? Станува збор за мешавина од две исклучително здрави намирници – сусам и мед. Го нарекуваат и слад од сусам и мед, но за многумина најважно е едно: тоа е најздравиот колач на светот.

Корисни и лековити својства на пастели

Комбинацијата од овие две намирници ви дава вистински „свет грал“ од корисни состојки, меѓу кои: цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и низа витамини, особено од групата Б – односно речиси сите клучни состојки за здравје и нормално функционирање на организмот.

Според истражувањата, синергијата што се создава од овие природни состојки е делотворна за регулирање на маснотиите во крвта, особено односот меѓу LDL и HDL холестеролот.

Пастели одлично делува и на регулирање неправилни отчукувања на срцето, висок крвен притисок и подобра циркулација. Ќе ви даде неопходна енергија и сила за тежок физички и психички труд.

Истражувањата покажуваат дека редовната употреба на пастели го намалува хроничниот замор, нервозата и депресијата. Комбинацијата одлично делува и на хроничен стрес, и тоа по три недели редовна употреба.

Ново истражување на Clinical Journal of Nutrition ги потврди придобивките од медот и сусамот во намалување на депресијата, атеросклерозата, мултиплекс склерозата и високиот крвен притисок.

Пастели содржи дури 182 состојки корисни за здравјето на организмот, а особено е голема концентрацијата на антиоксиданси.

РЕЦЕПТ ЗА ПАСТЕЛИ (традиционален)

Состојки:

1 чаша сусам

½ чаша мед

(по желба можете да додадете малку лимонова кора, ванила или ореви – но традиционално е само сусам и мед)

Начин на подготовка:

1. Печење сусам:

Ставете го сусамот во сува тава.

Печете на средна температура 5–7 минути, мешајќи постојано додека не добие златна боја.

Внимавајте да не се препече – тогаш ќе стане горчлив.

2. Загревање на медот:

Во мал сад загрејте го медот на тивок оган околу 2–3 минути, само да стане поредок.

Не смее да зоврие, за да не изгуби корисни својства.

3. Спојување:

Додадете го печениот сусам во медот.

Мешајте додека да се добие густа, леплива смеса.

4. Формирање:

Смесата истурете ја на хартија за печење или на метален плех подмачкан со масло.

Израмнете ја со лажица или валјак намрсен со малку масло.

Дебелината нека биде околу 0,5–1 cm.

5. Ладење и сечење:

Оставете да се излади 20–30 минути.

Исечет на коцки, ленти или ромбови.

Совет:

да се чува на ладно место, во затворен сад.

Пастели може да стои недели без да се расипе.

За повеќе енергија, изедете едно парче наутро – традиционално се користело како природен енергетски бар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk