logo
logo
logo

Тајната на слаткарскиот фондан: Рецепт кој секоја торта ќе ја претвори во ремек-дело

Vecer | 03.04.2023

Тајната на слаткарскиот фондан: Рецепт кој секоја торта ќе ја претвори во ремек-дело

Дури и највкусната торта, направена од најквалитетни состојки, нема да привлече толку внимание доколку не е убаво украсена. Затоа домаќинките се трудат да научат што повеќе трикови за украсување кои ги користат професионалните декоратори, а еден од најбараните е рецептот за слаткарски фондан.

Иако бара малку повеќе умешност, не е тешко да се направи добар фондан со кој убаво ќе ја „преслечете“ тортата.

Потребни состојки:

900 г шеќер во прав

100 г фруктоза

70 мл вода

кесичка желатин во прав

лажица глицерин

гел-боја (по желба)

Начин на приготвување: Во тенџере сипете желатин, прелијте го со 50 мл вода и оставете го да набабри. Во друго тенџере сипете ја фруктозата, покријте ја со 20 мл вода и ставете ја на шпорет да се загрее. Кога ќе зоврие, оставете да отстои уште половина минута на шпоретот, па тргнете ја тавата од шпоретот, додајте една лажица глицерин и желатинот кој во меѓувреме набабрил. Се добро измешајте.

Во сад истурете малку повеќе од половина од подготвениот шеќер во прав, па полека истурете ја растопената фруктоза со глицерин и желатин и измешајте со лажица. Потоа префрлете ја масата на работната површина, додадете го остатокот од шеќерот во прав и месете додека не добиете мазна фондан маса.

Ако сакате фондан во боја, одберете ја саканата боја , натопете чепкалка во неа, па на неколку места забодете ја чепкалката во фондан-масата и месете уште неколку минути за бојата да се распореди убаво и рамномерно.

Подготвениот фондан ставете го во кеса, врзете го и оставете го во фрижидер неколку дена. Пред да го користите за украсување на колачот, оставете го да отстои петнаесетина минути на собна температура за полесно да се обликува.

Со овој фондан можете да ја „прекриете“ тортата, но и да направите разни фигури за декорација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk