Рецептот на Софија Лорен е полн со ароми, а за подготовка се потребни само 15 минути
Сигурно барем еднаш сте ја слушнале познатата изјава на Софија Лорен: „Попрво би јадела тестенини и би пиела вино отколку да носам големина ХС“.
За среќа, италијанската филмска дива не морала да се откаже од гастрономските задоволства заради добрата линија, а освен професијата која ја прослави, таа се истакнала и зад шпоретот. Легендарната актерка објави две книги за готвење каде, сосема очекувано, тестенините заземаат централно место. Ви пренесуваме еден од нејзините најпознати рецепти.
Потребни состојки:
- 250 г шпагети
- 60 г путер
- 3 чешниња лук, излупени
- 3 лимона (60 мл сок од лимон)
- 120 мл крем за готвење
- сол, бибер
- 25 г рендан пармезан
- грст свеж босилек
Начин на приготвување: Лукот ситно исечкајте го, кората од лимон изрендајте ја и исцедете го сокот. Путерот растопете го, па додајте го лукот и пропржете. Додадете половина од кремот за готвење и зачинете по вкус. Динстајте неколку минути со повремено мешање. Додадете ги сварените тестенини, па прелијте со остатокот од павлаката.
Додадете го сокот и кората од лимон и измешајте се убаво да се соедини. Додадете ситно сечкан босилек и посипете со пармезан пред сервирање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата