logo
logo
logo

РУКОЛА - КАКО Е СКАПА, а во двор расте како коров

Vecer | 13.03.2021

РУКОЛА - КАКО Е СКАПА, а во двор расте како коров

Долго време руколата е една од најпопуларните билки, руколата, чија цена за килограм денес е достигнува и до 2.000 денар, па дури и повеќе, а тоа зависи од местото на продажба и од начинот на одгледување.

Делува како и секоја друга салата од тој тип, за некои е дури и невкусна, но цената сепак го кажува спротивното. Тоа се гледа и по цените на јадењата и салатите во рестораните, кои содржат рукола.

Експертите велат дека е добро да се занимавате со одгледување на рукола, бидејќи приносот е добар и бизнисот се исплати. На еден квадратен земјиште може да се добие принос до 2 кг. Се сее од февруари до септември, во неколку наврати и никнува за неколку дена. Сепак, се бере за 40 до 60 дена.

Самиот процес, од берба преку обработка до продажба е едноставен се вади од земја, се мие и се продава. Руколата не посебна земја, но бара вода и потребна е дробра дренажа.

Не бара многу простор, можете да ја одгледувате на вашиот балкон, иако тоа е повеќе идеја за лични потреби отколку за сериозен бизнис. Во светот на храната, особено „фит сегментот“,  ја опишуваат како „салата која што ја брише возраста и топи маснотии“, и дефинитивно е тренд.

Јадењата со рукола звучат поегзотично

Големата предност е што руколата сака студено време и мраз, па затоа не мора да се грижите за распаѓање на насадите. Лесното одгледување и високата цена се клучните фактори зошто се повеќе луѓе се занимаваат со одгледување на ова интересно растение.

Маркетингот исто така игра голема улога во сè, но и факти што не можеме да ги побиеме. Руколата е многу здрава, добра е за очите, го регулира крвниот притисок, го штити срцето и ги уништува канцерогените материи во организмот.

Речиси и да нема ресторани во кои во менито нема јадење со рукола. Ќе ја најдете и на разни видови пици, потоа во салата од туна и други варијанти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk