logo
logo
logo

Откако ќе ги пробате АРАПСКИТЕ ПАЛАЧИНКИ, ќе ги заборавите класичните!

Vecer | 19.04.2026

Откако ќе ги пробате АРАПСКИТЕ ПАЛАЧИНКИ, ќе ги заборавите класичните!

Арапските палачинки се одличен избор кога сакате нешто благо.

Арапските палачинки, кои се прават само со вода, се одличен избор кога сакате нешто благо, а сепак следите посебна диета. Тие се подготвуваат брзо, за околу 20 минути, а резултатот се тенки, меки и многу вкусни палачинки.

Иако не содржат млеко или јајца, овие палачинки се изненадувачки еластични и лесни, поради што лесно можат да станат омилен оброк.

Погодни се за појадок, ужина или десерт и може да се комбинираат со разни филови по ваш избор.

Состојки:

1 чаша брашно

1 чаша газирана вода

прстофат сол

половина лажичка прашок за пециво

1 лажичка шеќер

Прво, измешајте ги сите суви состојки во сад, а потоа постепено додадете ја газираната вода, мешајќи додека не се добие мазна смеса без грутки.

Кога смесата ќе биде готова, оставете ја да отстои неколку минути за палачинките да бидат уште помеки. По желба, можете да додадете малку цимет или рендана кора од лимон во смесата за дополнителен вкус.

Палачинките се печат во загреан тав со минимално масло, рамномерно распоредувајќи ја смесата. Кога рабовите ќе почнат да се одвојуваат и долната страна ќе добие златна боја, палачинката се превртува и се пече кратко од другата страна.

Се сервираат топли, со фил по ваш избор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk