Панакотата е супер освежителен десерт кој се подготвува за миг и ќе го освои целото семејство и гостите, а кога ќе додадете и малини не само што го балансирате вкусот туку добивате вистинско уживање.
Состојки:
750 мл слатка павлака
3/4 чаши шеќер
2 лажички екстракт од ванила
2 пакетчиња желатин
150 мл вода
4 чаши малини
Подготовка: Загрејте 500 мл крем и 1/2 чаша шеќер во сад. Кога шеќерот ќе се раствори, тргнете го од оган и додадете ја ванилата. Измешајте го желатинот со шест лажици вода, оставете го да стои десетина минути и промешајте ја смесата во топлиот крем од ванила.
Истурете го кремот во чаши и ставете го во фрижидер четири часа за убаво да се излади. Загрејте го овошјето, 1/4 чаша вода и 1/4 чаша шеќер во сад. Кога ќе зоврие, оставете го да се готви уште 20 минути. Изматете шлаг од 250 мл слатка павлака. На оладениот крем додадете сирупот од малина и украсете со овошје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата